1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици


 

Ученички и ученици

Deutsch – warum nicht?

Радиоговорниот курс  „Deutsch – warum nicht?“ во четири серии ја раскажува приказната за студентот по новинарство Андреас и неговата невидлива придружничка Екс. Придружете им се и вие во нивните авантури и преку игра научете го германскиот јазик! Секоја серија има 26 лекции со дијалози, вежби и аудиоматеријал, што може да го преземете од интернет. Радиоговорниот курс ги опфаќа двете нивоа А1 и Б1 според европскиот стандард; тој е наменет, пред сé, за почетници и слушатели со делумно познавање на германскиот јазик.

„Deutsch – warum nicht?“ е заедничка продукција на Дојче Веле и Институтот Гете.

Deutsch – warum nicht?

Серија 1

Ахен, хотел Европа. Овде работи Андреас за да може да ги финансира студиите по новинарство. Навистина станува возбудливо кога познатиот музичар од соба 10 одненадеж исчезнува. Граматички акценти: глаголска конјугација, заменки, едноставни прашања, акузатив.


Изберете

 

Deutsch – warum nicht?

Серија 2

Андреас има многу работа. Тој треба да се грижи за гостите во хотелот, да најде соба за неговите родители и да направи интервју со Карл Велики. Покрај тоа, родителите ќе дознаат која е Екс и како Андреас ја запознал. Граматички акценти: модални глаголи, перфект, датив.


Изберете

 

Deutsch – warum nicht?

Серија 3

Андреас сè уште работи во Ахен, но д р Тирман има нова работа за идниот новинар. Него го очекува уште поголем и повозбудлив град: Берлин. Граматички акценти: минато несвршено време, зависни реченици, деклинација на придавките.


Изберете

 

Deutsch – warum nicht?

Серија 4

Андреас ги заврши студиите и е подготвен да го почне истражувањето за неговиот прв напис. Истражувањето го води него (а секако и таинствената Екс) во поранешната Источна Германија. Граматички акценти: пасив, зависни споредни реченици, рефлексивни глаголи, конјунктив.


Изберете

 

Дополнителни програми за мултимедијални содржини

Deutsch – warum nicht? можете да го слушате како Podcast

Користете ги нашите аудиопонуди за вашата настава или, пак, слушајте ги кога сте на пат. Пријавете се овде за да ги добиете лекциите од „Deutsch – warum nicht?“

Ваш коментар