Поради дефект на топланата Исток, утрово поголем дел од Скопје остана без парно греење. Дефектот во меѓувреме е отстранет
Членови на грчката Пан-македонска организација од САД во Њујорк се сретнале со медијаторот во македонско-грчкиот спор за името Метју Нимиц, за да го информираат за „скопската пропаганда“ кон Атина.
Два пакета кои содржеле 16 килограми кокаин, минатата недела биле по грешка доставени до седиштето на Обединетите нации во Њујорк, соопшти портпарол на њујоршката полиција.
САД имаат намера значително да го намалат буџетот за одбрана. Министерот за одбрана Леон Панета во Вашингтон најави дека буџетот за наредната буџетска година, која почнува во септември, ќе биде намален за 9 проценти.
Денеска (27.01) се одбележуваат 67 години од ослободувањето на концетрациониот логор Аушвиц од страна на Црвената армија. По тој повод, во Бундестагот ќе говори литературниот критичар Марсел Рајх-Раницки.