Вести | 16.05.2008 | 12:00 UTC
Први случаи на колера во Мианмар
Во подрачјата во Мианмар погодени од циклонот Наргис, се појавија првите случаи на колера . Според податоците на Светската здравствена организација ризикот , луѓето во овие региони да заболат од оваа заразна болести во меѓувреме е многу голем, пред се поради бактериите во валканата вода. Без терапија , заболените умирата во рок од 24 часа. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун ги повика постојаните претставници на неколку држави во светот за да се разгледа стратегијата за пружање најефискана помош за настраданите од циклонот. ОН сакаат да го зголемат притисокот врз воената хунта во земјата поради спорото и попречено распоредување на помошта. Во меѓувреме, Светската програма за храна повторно се пожали дека до сега испорачана помош не е доволна за над 2,5 милиони жртви од невремето. Исто така и воената хунта му се закани на населението со казни ако бидат фатени дека ја препродаваат помошта.










