Наука | 13.05.2008
Операција против трпките во раката
Во критичните години на жената, покрај од познатата и популарна остеопороза, таа се соочува и со навидум баналната, но мачна болест за која малку се знае: карпалтунелсиндром. Жените се најпогодени од оваа болест
Ви се случило наутро да се разбудите со оттрпната рака или шака? Или уште полошо - ноќе да ви се скрши сонот зашто едната рака ви се здрвила? Многумина, ваквите симптоми не ги сфаќаат серизно и ги препишуваат на незгодното спиење и лошата циркулација. Трпнењето на раката и шаката, меѓутоа, може да има подруго потекло. Од тешки дијагнози опасни по живот до банални болести. Во ова време на копјутери, кога со часови се пишува и кога мануелната работа за многу професии сама по себе се подразбира, споменативе симптоми се сигнал за болеста со сложено име - карпалтунелсиндром
Болест на жените
„Сигурно скоро 80 до 90 процентите кои заболуваат од така именуваниот карпалтунелсиндром (КПС) се жени. Тие чувствуваат трпнење на шаката, на средниот и домалиот прст. Вообичаено ноќе, а чувствуваат и болки што е типична слика за болеста“ - кажува проф др. Петер Брисер, до неодамна шеф на одделот за хирургија и пластика на шаката во Малтезар Болницата во Бон кој од пред месец е пензионер.
Станува збор болест на каналот на шаката низ кој минува сноп нерв. Каналот се стеснува и притиска врз нервите кои завршуваат во прстите на шаката. Статистиката говори дека во Германија 1 процент од сите жени на возраст мегу 40 и 60 години се жалат на споменативе симптоми. Жените заболуваат пет пати почесто од мажите. Го прапшуваме др. Брисер зошто е ова женска болест ?
„Има повеќе причини. Тука е пред се влијанието на хормионите. Жените во менопаузата почесто се погодени од болеста. Влинаие има и анатмоската структура и предиспозициите .Кај жените каналот е анатмомски потесен, па оттаму и почестиот проблем“.
Значајна е вистинската дијагноза
Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Само со детало испитување, може да се одреди вистинската дијагноза
Денес болеста најправилно се дијагностицира со посебни мерења за моториката и чувствителноста на прстите што е предуслов за вистинско третирање.
„Во раниот стадиум болеста може конзервативно да се лекува. Наједноставно е мирување на раката. Во овој стадиум препорачливо е додека се спие да се користи ноќна шина од гипс.Таа обезбедува мирување и стабилност на рачниот зглоб. Со тоа се одбегнува виткањето и зголемувањето на притисокот врз нервот.Во подоцнежните стадиуми кога поставувањето шина и мирувањето не помага, неопходна е операција„ - препопрачува др. Петер Брисер. Таа може да се изведе ендоскопски за што постојат повеќе методи и класично.
„Со операцијата се проширува каналот - карпалтунелот каде е лоциран нервот и со што практично се оневозможува притосок врз него, што е и основната причина за болесрта. Најмногу, 90 проценти од пациентите по првата недела од оперцијата се ослободени од тешкотиите и симптомите.Кај останатите, подобрувањето е по првите три недели од операцијата“ - ги појаснува др. Петер Брисер ефектите од интервенцијата која главно се врши амбулантски.

















