1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици


 

Европа  | 09.05.2008

9. мај е Ден на Европа

5. мај е Ден на Европа за Советот на Европа, а ЕУ на 9. мај го слави својот Ден на Европа. Од една идеја што ја пласира на 9. мај 1950 година тогашниот француски министер за надворешни работи Роберт Шуман произлезе ЕУ

Денов е повод за славење и манифестации, но исто така и да им се постави прашање на Европејците што мислат тие за Унијата:

„Се разбира дека сум за Европа, но сите мора да имаат удел во придобивките од напредокот. Мора да се сочека што ќе донесат наредните избори“ - вели една жителка на Стразбур. Наредната година се изборите за Европскиот парламент, граѓаните на 27 земји-членки ќе ги изберат своите претставници во Европскиот парламент. Според една анкета, само 13 проценти од Германците го знаат тоа.

Зародиш на сево ова, пак, е предлогот на Роберт Шуман, тогашен француски министер за надворешни работи - со германско потекло, сосем невообичаен за тоа повоено време: „Француската влада предлага здружување на француското и германското производство на јаглен и челик и тоа под една заедничка комисија. Заедницата е отворена и за други европски држави, производството ќе биде отворено кон целиот свет без разлика и исклучоци“, рече Шуман на 9-ти мај 1950-та година.

И тогашниот германски канцелар Конрад Аденауер агитираше за Европа: „Не смееме да ја превидиме вистинската величина на постигнатиот напредок. Само се’ поцврсто здружување  на нашите шест држави на сите нам ни гарантира обезбедување на нашиот слободарски развој и нашиот социјален напредок“.


Вистински пат и одговор на традиционалните непријателства


Во тоа време патетични зборови. Денес односот спрема Европската унија е потрезвен и кај многумина претежнува во најдобар случај добронамерна рамнодушност. Гласови на минувачи забележани на улица во Стразбур: „Мене тоа воопшто не ми одговара. Откако сме во Европа многу ни е полошо. Сите производи станаа поскапи“. „Мене тоа дефинитивно не ме интересира“. „Стразбур ни се допаѓа - и тоа е се’“.

На ЕУ мора да се гледа во фонот на глобализираниот свет, со ризиците, придужните последици и шанси, смета еден наставник од Хановер: „Тоа е вистинскиот пат  и вистински одговор на традиционалните непријателства, што водеа до сите тие војни. Порадо патувам во Елзас за таму чудесно да јадам и да пешачам во природата, а не за да го окупирам. Национализмите во историјата не доведоа до ништо“.


 
 
Share this article

FeedbackИспратиПечати

Други теми



 
Фотографија на денот
ImageOfTheDay