1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици

 
 
 

 

Млади 21  | 14.05.2008

Театар на три јазика

Лекторската програма на Фондацијата Роберт Бош е организатор на тријазични германско - македонски - албански театарски вечери посветени на Чехов. На програмата се „Предлог за брак“ и „Мечка“.

Претставата е резултат на соработката на студентите по германистика  од  Филилошкиот факултет, Блаже Конески од Скопје, од Југоисточниот  eвропски универзитет во Тетово и Универзитетот „Александар Џовани“ од Елбасан, Албанија. Премиерата се одржа на 8 мај  на Факултетот за драмски уметности во Скопје, потоа на 9 мај во Тетово и на 11 мај во Елбасан-Албанија.

 

Тие се млади луѓе. Имаат различен  мајчин јазик - македонски и албански и заеднички – германски, кој го студираат. Заедничка им е и љубовта кон театарот. Ги запознавме на театарската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Се подготвуваа премиерно да изведат една несекојдневна тријазична претстава според делата на Чехов, „Предлог за брак“ и „Мечка“.

      

Идејата за тријазична  македонско – албанска - германска претстава,  пред шест месеци ја иницира Патра Чагаљ од Фондацијата „Роберт Бош“ во Скопје: „Идејата ми беше  да ги ставам сите три групи за германистика од Факултетите во Тетово,Скопје и Елбасан  во еден заеднички проект и така одлучив тоа да биде претстава. Да ги зближам  меѓу себе  овие различни, но по многу нешта, блиски млади луѓе. Со напорна работа на сите, успеавме во тоа.“

 

Задоволство од соработката 

 

Катерина Шекутковска и Елеонора Јосифовска се колешки од факултетот по германистика во Скопје. И двете ја играат главната улога на Наталија во „Предлог за брак“, едната на германски, другата на македонски: „Сите сме задоволни од соработката  и ова беше едно огромно искуство за нас. Покрај тоа што сме аматери, научивме нешто повеќе за театар. Премногу сум задоволна од соработката, од дружењето бидејќи предност е тоа што сме измешани. Тука спаѓаат  македонски, германски и албански. Ова е добро поради тоа што се соединуваат овие три јазика и токму поради тие етнички разлики Македонци - Германци, мислам дека  во овој проект немаше никаков проблем.“

 

       Емил Бибиќ е нивен колега, а во претставата го толкува ликот на Ломов: „Во секој случај ова е едно убаво искуство, значи запознавме многу студенти од Албанија, нели. Убаво е новото искуство. “

 

Во истата претстава, Наталија на албански ја игра Мајлинда Саити од Штуловиот универзитет и таа е пресреќна што учествува во оваа единствена театарска група. „Ова беше навистина многу убаво искуство зошто научивме многу нешта, научивме како да играме на  театар. Се спријателивме многу и беше многу убаво искуство, кое нема никогаш да го заборавам. “

 

Комуникација на германски

 

Нејзината колешка, Атина Цико  е од Факултетот во Елбасан: „Оваа  заедничка претстава  е многу важна за мене, бидејќи  комунициравме претежно на германски и така го усовршивме јазикот. Преку претставата научив многу  нови нешта и стекнав многу нови пријателки, кои засекогаш ќе останат во моето срце.

 

За сето ова да биде  поврзано во целина,заслугата е на режисерот Евангелос Цаварас, лектор по германистика  на Тетовскиот универзитет: „Ми беше многу интересно да работам во оваа  несекојдневна претстава. Мимиките и движењата во сите три јазици се малку поразлични и сето тоа може да се примети на сцена. Сите тие се  со различна изведба, но така слеани една во друга и даваат една посебна претстава, мошне интересна на сцената.“

 

Сето тоа, со големо уживање, го проследи бројната публика и на крај ги награди со силен аплауз и овации.

 

Антоанела Димитриевска

 
Share this article

FeedbackИспратиПечати

Други теми