1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици

 
 
 

 

Македонија  | 22.06.2008

Предизвици за Груевски има доволно

Претседателот Црвенковски денеска му го доделува мандатот за состав на идната влада на Груевски. Тое е почеток на неформалните коалициони разговори за идниот владин состав. Новото Собрание за сега работи без ДПА.

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски денеска на пладне ќе му го додели мандатот за состав на новата влада на Никола Груевски. Претседателот на ВМРО ДПМНЕ го добива правото за состав на идната влада откако коалицијата предводена од неговата партија освои најмногу гласови на предвремените избори во земјата. Според уставот, Груевски треба во рок од дваесет дена на Собранието да му ја поднесе програмата и предлогот за составот на владата, а тоа да гласа за нив најдоцна за 15 дена. Инаку мандатите на новите пратеници беа верификувани во саботата. Собранието доби и нов спикер, Трајко Вељановски. Но, засега работата на парламентот ја бојкотираат пратениците од ДПА.

 
 
Share this article

FeedbackИспратиПечати

Други теми