1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Германија

Невработените не се мрзливи, или...?

Дел од германските политичари сметаат дека голем број невработени во земјата се однесуваат комотно и се трудат по секоја цена да избегнат работа за едно евро на час. Што за дебатата на политичарите мислат невработените?

Во Биро за вработување

Невработените во Германија добиваат парична помош од државата, која според авторот на реформата на помошта за невработени се нарекува „Харц 4“. Оној што добива пари од „Харц 4“ е должен да прифати работа за едно евро на час, доколку таква му биде понудена. Такви работни задачи се, на пример, чистење на градот и сличнo. Дел од политичарите сметаат дека голем број од невработените се однесуваат комотно и се трудат по секоја цена да избегнат работа за едно евро на час. Така, шефот на либералите и министер за надворешни работи, Гидо Вестервеле, пред неколку недели предложи граѓаните кои добиваат „Харц 4“ да бидат ангажирани за чистење на снегот, а политичарката на СПД Ханелоре Крафт, неколку недели потоа, дојде на идеја дека невработените би можеле да им читаат книги на луѓето во старските домови или, пак, би можеле да ги метат улиците.

Што мислат невработените за целата дебата?

„Би прифатил секаква работа“

Не, Петер Цимерман не се чувствува понижен, ниту од Гидо Вестервеле, ниту од кој и да е друг политичар. Тој воопшто не се чувствува повикан, зашто не е мрзлив. „Не, кога овде не би имал што да правам, би го правел и тоа - метење или чистење снег. Би ја прифатил секоја работа. Досега сум правел се‘, сум чистел и скали во зградите, иако по занимање сум столар.“

Чистење снег? Нема проблем, вели Цимерман!

Повеќе од оваа рубрика