1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Германија

Првите слободни избори во ГДР

На 18 март 1990 година се одржаа првите парламентарни избори во тогашната Германска Демократска Република. На избирачката листа имаше 34 различни партии. Една година подоцна ГДР се обедини со Сојузна Република Германија.

На првите слободни избори во ГДР беше изгласано обединувањето на Германија

Тоа е исто како да сте отвориле прозорец, извика писателот Штефан Хајм есента за пресвртот во 1989 година, пред стотиците илјадници насобрани луѓе на берлинскиот плоштад Александерплац. Неколку месеци подоцна, свежиот воздух од мирната револуција на ГДР која згаснуваше ги донесе првите и последни слободни парламентарни избори. На источните Германци изборната трка им беше позната само од телевизијата од Западот, а сега се случи и кај нив: „Се‘ уште не знаеме точно за кого ќе гласаме на 18 март. Понекогаш се прашуваме што ќе измислат. Малку е невообичаен начинот на кој некои партии се претставуваат.“

ГДР стана бина на демократски натпревар

Лотар де Мезиер се сеќава на настаните од 18 март 1989 година

Повеќе од оваа рубрика