Македонија
Македонија и Грција ги забрзуваат преговорите за името
Спорот околу името меѓу Македонија и Грција постои веќе 17 години. Се‘ започна по прогласувањето независност од страна на Република Македонија во 1991 година. Грција стравуваше дека Република Македонија можеби ќе има територијални претензии кон нејзината северна провинција, што го носи исто така името Македонија. Признавањето на Република Македонија поради тоа се одлагаше до 1993 година, кога во ОН беше примена под привременото име: БЈРМ - Бивша Југословенска Република Македонија. Како мерка на притисок Грција во 1994 година воведе економско ембарго врз Македонија.
Во 1995 година, благодарение на меѓународните посредници, Сајрус Венс и Лорд Овен, Скопје и Атина потпишаа Привремена спогодба. Поради спогодбата, Македонија го промени државното знаме и во уставот додаде три члена во кои се вели дека земјата нема територијални претензии кон соседите.За да се реши спорот со името, во ОН се водат преговори меѓу двете земји, со посредство на Метју Нимиц. Македонија во тие преговори предлага користење на уставното име за сите земји во светот, а во комуникацијата со Грција користење име за кое двете земји ќе постигнат согласност. Грција инсистира Македонија воопшто да не го користи уставното име, и тврди дека спорот не е билатерален, туку меѓународен.
Има ли шанси долгогодишниот спор меѓу Грција и Македонија околу името да биде решен наскоро? Дојче Веле на оваа тема има серија прилози и интервјуа.
DW-WORLD.DE
DW-WORLD: Интензивни разговори по последниот предлог на Нимиц
Состојбата во преговорите
DW-WORLD: САД ќе го решава грчко - македонскиот спор за името
DW-WORLD: Вашингтон ги повика Скопје и Атина да продолжат со преговорите
DW-WORLD: И натаму без решение за проблемот со името меѓу Македонија и Грција
DW-WORLD: Преговорите за името продолжуваат - резултати нема
DW-WORLD: Меѓународниот фактор мора да се занимава со проблемот околу името на Македонија
DW-WORLD: Експертски тимови го разгледуваат пакетот на Нимиц
DW-WORLD: Вашингтон нема да предложи решение за спорот околу името
DW-WORLD: Има ли Македонија одговор на евентуално грчко вето за НАТО?
DW-WORLD: Американски конгресмени бараат Грција да се откаже во спорот околу името
Аналитичарите за спорот околу името
DW-WORLD: „Македонија е успешна приказна, која ги решава проблемите на Јужниот Балкан“
DW-WORLD: Ханс Јирген Акст: „Побргу ќе дојде до одлагање на приемот, отколку до решение за спорот“
DW-WORLD: „Проблемот со името нема да се реши ни за 100 години“
DW-WORLD: "Грција е обврзана да ја нарекува Македонија – Република Македонија„
DW-WORLD: „Македонија во Букурешт во 2008-та ќе добие покана за прием“
DW-WORLD: Делетро: Време е политичарите во Македонија да направат нешто конкретно













