Квиз | 13.05.2008
Која е најпознатата германска манекенка?
Учествувајте и освојте награди!
Нејзината животна приказна е како вистинска бајка. Симпатичното девојче од малото германско градче стана принцеза во светот на модата.
Нејзините фоторафии се на насловните страници на најпознатите светски списанија. Има 34 години, мајка е на три деца и се‘ уште царува на модните писти во Париз, Милано, Њујорк. Таа е врвен модел на ланецот за долна облека Викторија Сикрет
Нејзини сопруг е популарниот пејач Сил. Оваа Германка со руса коса и зелени очи е неодолива за него, но и за милиони мажи ширум светот. Таа е идол за многу убави девојки. Во моментов во големо телевизиско шоу во Германија ја избира својата наследничка.
Која е најпознатата и најуспешна германска манекенка :
1. Лена Герке
2. Ева Падберг
или
3. Хајди Клум
Точниот одговор и малку среќа ќе ви донесат вредни награди.
Одговорите испраќајте ги најдоцна до 16.05.2008 година

















