Млади 21 | 07.05.2008
Заеднички низ Европа
Замисли си дека си се родил во друга европска земја, што би бил тогаш? На ова прашање треба дa одговорат младите од 24 европски земји. Тоа е целта на Алтер Его, натпревар кој го организира Еуник
Еуник - здружение на националните културни институти на Европската унија го организира натпреварот по повод тоа што 2008 година е година на интеркултурниот дијлог. Младите од цела Европа преку проектот Алтер Его се портретираат едни со други.
Европа да сраснува и натаму
Фотографии, музика, уметнички слики и склуптури: дозволено е се’ само не текст. Имено ќе биде малку тешко да се преведува на повеќе од 20 различни јазици вели Лоне Лет Ларсен. Таа е раководител на данскиот културен институт за Бенелукс земјите и менаџер на програмата Алтер Его. Лет Ларсен се залага за тоа Европа и натаму да сраснува и затоа се надева на успех за проектот на младата генерација Алтер Его
„Цел е токму младите во пубертет, меѓу 14 и 18 години кои го градат својот сопствен идентитет, тие да станат поотворени кон другите луѓе, кон другите култури.“
2008 е европска година на интеркултурен дијалог што е и цел на проектот Алтер Его. Натпреварот е под покровителство на Еуник, здружение на културни организации од цела Европа. Идејата е, секој млад човек да си одбере партнер од друга културна средина. Тие двајцата терба меѓусебно да се портретираат. Може да учествува секој на возраст од 14 до 18 години и живее во една од земјите кои учествуваат во проектот. Портретите се објавувааат директно на интернет страната на Алтер Его. Најдобрите учесници од секоја од земјите потоа ќе патуваат во Данска, каде цела недела ќе работат заедно со ументици од Европа.
Поттикнување на младите
„Се надеваме дека преку овој проект ќе ги активираме младите луѓе.Тие да ја создаваат Европа со нивната енергија, нивната креативност и нивната фантазија. Можеби тоа ќе стане и противмерка против евроцинизмот на возрасните.“ вели Доријан ван дер Бремпт, директор на натпреварот од Белгија.
За Алтер Его да успее, организаторите сега во секоја земја учесник именуваат амбасадор за проектот. Во Белгија веќе е избран бендот Џошуа. Трите момчиња од Брисел тукушто го објавија својот втор албум. Да беа малку помлади тие и нивната музика ќе учествуваа во натпреварот Алтер Его
„Ние сме Алтер Его. Целосно се пронаоѓаме во овој проект и се идентификуваме со него. Јас сум црнец, моите двајца колеги се белци, јас слушам хип хоп тие рок или електро. Значи станува збор за тоа да ги измешаме разликите; културите, влијанијата. Овој проект перфектно го отсликуваме.“
Амбасадори на културата
Пејачот на Џошуа, Сено и неговите двајца колеги веќе се радуваат на нивните нови задачи исто и Хадисе која е уште еден амбасадор на проектот. 22 годишната Белгијка со турско потекло во земјата е поп ѕвезда, откако победи на фламанското кастинг шоу Поп идол. Таа е омилена кај младите – целната група на проектот Алтер Его, па затоа сега и малку ќе ја искористи својата популарност
„Се обидувам често да го спомнам проекотот на моите настапи. Се обидувам да ја пренесам пораката. Имам многу фенови и тие сите се млади. А да се има можноста да се инспирираат овие деца е навистина супер.“
Проектот трае до септември годинава, а организаторите се надеаваат дека нивната порака ќе стигне до што поголем број млади во Европа, дека меѓусебното интеркултурното разбирање е предност за сите.

















