1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици


 

Панорама  | 11.05.2008

Духовден

Во Германија денеска и утре (11 и 12.05.2008) се слави Духовден, или на германски Пфингстен. Поради теолошкото значење, празничен ден во Германија, освен недела е и понеделник.

Во Библијата стои дека на педесеттиот ден по Велигден, Исусовите ученици биле собрани во Ерусалим, кога одеднаш почнало да фучи и тие биле исполнети со Светиот дух и почнале да проповедаат на други јазици, онака како што духот им дал да проповедаат. Затоа денот се нарекува Духовден. Обичаите на овој празник во Германија се поврзани и со почетокот на летото. Рицарските романи раскажуваат за големи народни прослави на Духовден, на кој се одржувале и рицарски игри. Пред да настапи периодот на индустријализацијата, Духовден, односно Пфингстен, бил време кога говедата, по долгата зима, првпат се носеле на ливада да пасат, а првиот или последниот вол бил свечено китен, за подоцна да се најде на трпезите.

Папата бара да се работи на мир

Папата Бенедикт 16-ти, оваа година на Пфингстен, од Ватикан порача дека задача на црквата и на секој поединец е да придонесат за мир и помирување. „Христијаните мора да бидат знак и инструмент на мирот господов меѓу народите“, рече папата додавајќи дека црквата ја исполнува задача на помирување не само на светско ниво, туку и преку однесувањето на секој поединечен верник во неговото опкружување, и тоа преку проповедањето на Евангелието, сакањето на ближниот свој и милосрдноста. Мирот се шири и остварува и преку внатрешното обновување на единката, изјави Бенедикт 16-ти. Според него, Светиот дух благодарение на чие дејствување е основана црквата, може да создаде единство во љубовта и заемното прифаќање на различноста и со тоа да го ослободи човештвото од сите земни трендови на рамнодушност и угнетување.

Цолич бара ангажман на христијаните

Првиот човек на Германската бискупска конференција, надбискупот Роберт Цолич, на Пфингстен ги повика христијаните на поголем ангажман во општеството. Тие не треба да бидат посматрачи, туку ко-креатори, рече Цолич за време на проповедта во катедралата во Минстер. Келнскиот кардинал, Јоаким Мајснер, пак, апелираше до христијаните да им спротивстават на светските сили и насилството без страв. Тоа е можно ако се има здрава вера, рече Мајснер во келнската катедрала. Во интервју за Дојчландфунк, Мајснер ги обвини Германците дека живеат под нивните духовни можности. Тој смета дека политиката мора да се разбуди со оглед на големиот број ислеувања од земјата и абортусите. „Никогаш досега немало толку многу иселувања како во моментов, а доселувањето никогаш не било толку мало како сега. Тоа значи, народ без дух е народ што меѓусебно го уништува животот. Тоа е билансот пред кој што сме исправени. Тоа се разбира мора конечно да ги разбуди и политичарите. Така веќе не може да оди.“

Инаку, името на празникот, Пфингстен во Германија потекнува од грчкиот пентекосте, што значи педесеттиот, при што се мисли на педесеттиот ден по Велигден, кога се слави Духовден.



 
 
Share this article

FeedbackИспратиПечати

Други теми



 
Фотографија на денот
ImageOfTheDay