1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици


 

Уметност  | 15.05.2008

Филмот не може да биде рамнодушен

Во Кан на Азурниот брег, започна Меѓународниот филмски фестивал. За Златната палма од вкупно 1792 филмови, колку што ќе бидат претставени, конкурираат само 22.

„Има само едно човештво, исто како што има само една кинетамографија. Да живее бескрајната различност на кинематографијата! Да живее нераздвојното единство на кинематографијата! Со свеченост и чувства, со надеж и очекувања и со многу топлина, го прогласувам за отворено 61-то издание на Фестивалот од Кан! Акција!.“ Со овие зборови францускиот режисер Клод Ланзман, авторот на деветчасовниот филм „Шоа“, во кој се раскажува патешествието кон смртта на Евреите во Европа за време на Втората светска војна, го отвори Меѓународниот филмски фестивал во Кан. Претходно Ланзман филозофски се запраша за односот на неговите филмови со тие на Квентан Тарантино, сакајќи да ја докаже големината и отвореноста на фестивалот за сите движења во светскиот филм.

 

Свечената церемонија беше проследена и со еден друг момент на емоции, со настапот на американскиот пејач и гитарист, Ричи Хевенс, симболот на американската контра-култура, кој ја изведе неговата песна „Фридом“, исто како и во 1969 година на Вудсток. По изведбата на песната, Хевенс и претседателот на жирито, американскиот актер, Шон Пен се прегрнаа, проследени со силен аплауз на публиката во фестивалската палата.

 

Пен: „Кан секогаш избираше големи филмови“

 

Пртеходно, видно погоден и без своите црни очила, Шон Пен изјави: „Јас сум многу, многу среќен што сум присутен меѓу вас и меѓу членовите на жирито. Ние ќе работиме најдобро што знаеме. Кан секогаш избираше големи филмови, со големи актери и режисери, ние сме само нова епизода од фестивалот во Кан. Златна палмаBildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:  Златна палма На некои од нив ќе им испратиме љубовни писма, ги охрабрувам дистрибутерите на филмовите да ги поддржат и оние филмови кои нема да ги добијат нашите љубовни писма.“ На конференцијата за печатот, Шон Пен му даде политички тон на фестивалот, потсетувајќи дека филмот не може да остане рамнодушен на светот кој го опкружува, осврнувајќи се на ситуацијата во Мијанмар и Кина, по природните катастрофи.

 

Се разбира свеченото отворање дојде по традиционалното искачување на 26-те скали пред фестивалската палата, околу кои се имаа собрано илјадници љубопитници и фоторепортери за да ги видат филмските ѕвезди како Феј Данвеј, Ева Лонгориа, Денис Хупер, Кејт Бланшет, Натали Портман.

 

Фестивалот го отвори филмот „Слепило“

 

Годинава за натпреварувачкиот дел од фестивалот се избрани 54 филмови од 31 земја, од кои само 22 конкурираат за Златната палма.  Меѓу конкурентите за најпрестижната филмска награда во светот се и делата на режисерите како Клинт Иствуд, Стивен Содеберг, двократните добитници на „Златната палма“, Жан Пиер и Лук Дарден, Вим Вендерс, како и бразилецот Фернандо Меиерлес. Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:   Токму неговиот филм „Слепило“ го отвори канскиот фестивал. Замрзнувачки трилер за човештвото оставено на неговите најниски инстинкти, филм во кој се зборува за една мистериозна епидемија од слепило од која е погодено населението на еден град. Публиката на фестивалот покрај филмските звезди ќе може да ја види и фудбалската ѕвезда, Диего Марадона, на која Емир Кустурица  му посвети еден документарен филм или пак боксерот Мајк Тајсон, за кој исто така ќе биде прикажан еден документарен филм. Сепак најголемиот интерес е  за најновиот филм на Стивен Спилберг и Џорџ Лукас со новата епизода на Индијана Џонс.

 

 

 

Тони Гламчевски

 
Share this article

FeedbackИспратиПечати

Други теми