1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици


 

Уметност  | 02.06.2008

Украдена уметност

Спорот околу уметничкото и културно богатство од германските музеи и библиотеки по Втората светска војна кое било однесено во Русија , долги години ги оптоварува германско-руските односи во областа на културата.

Известувачката од Русија на весникот Франкфуртер алгемајне цајтунг ,Керстин Холм од 90-те години наваму ги има пропатувано музеите пред се во руската провинција  и таму има направено неворјатни откритија и стекнато  сознанија , кои сега ги има опфатено во книга. Неодамна  во Потсдам ,  авторката ја презентираше книгата со провокативен наслов „Рубенс во Сибир.

Женските акти -главна цел на ограбувачите

Кога германските  музејски куратори по крајот на Втората светска војна ги составија листите на загуби , забележаа дека пред се недостасуваат женските акти. На пример Батсеба на Ребрант , која ја украл еден непознат ветеран од Потсдам и подоцна и ја продал на колекционерка од Русија. Денеска сликата се наоѓа во музејот во градот Тула, оддалечен 200 километри од Моксва оставена како подарок од оваа непозната колекционерка. За луѓето , чија уметност на сликање  икони ,произвела многу  строги речиси апстрактни слики на жени  и чије национално сликарство  , речиси и да не познава   уметничка претстава на жени во еротски пози , овие слики претставууваа провокација , исто како и во времето на нивното создавање:

„Во армиските единици , женските-акти честопати прераснувале во неформален талисман. Тоа се должи на фактот дека тоа било едно општество на мажи , кои преживеале страшни нешта  и на тоа дека сопствената уметност не произвела еротски слики. Поради тоа луѓето се неподготвени, незаштитени , реагираат без овој културен вокабулар . за кој ние сме многу поподготвени“

 Вака Керстин Холм ја опишува реакцијата на ловците на украдени уметнички дела на актите.  Таа веќе 17 години е во Русија и патувала многу низ провинцијата.  Во нејзината книга Рубенс во Сибир , таа опишува бројни случаи на украдени уметнички дела. Некои се познати , како на пример возбудливата приказна за  сликата на Рубенс „Тарквиниус и Лукреција “ која била украдена од приватно лице во Потсдам , и за подоцнежниот спор околу правото на сопственост на оваа слика. На тоа алудира Керстин Холм во насловот на нејзината книга.

Како орхидеи во поле со глуварчиња

Огромен дел од  украдените уметнички дела денес се наоѓаат во државните музеи во Москва или Санкт Петерсбург. Авторката меѓутоа открила и поединечни украдени дела  и во длабоката провинција, во Тула, во Нижни Новогород или пак во Иркутск во Сибир. Каква аура содаваат околу себе овие дела во провинцијата , Керстин Холм опишува со една поетска слика:

„ Забележав , дека западната уметност во провинцијата , делува сосема поинаку , отколку во главниот град. Од музејски имот делото  ненадејно стануваат продукт од една богата , туѓа и егзотична култура , кое се издвојува од сиромашниот пејсаж како орхидеја пресадена на  ливада со глуварчиња“

Холм уште вели дека кураторите тивко им се восхитуваат на овие слики. Во својата книга таа се залага за подлабоко разбирање на руските музејски куратори , кои ги пазат нивните украдени уметнички дела како злато.


Потребен е стручен дијалог и соработка


 Што се однесува пак до перспективата на преговорите за украдената уметност на политичко ниво , дописничката на Франкфуртер алгемајне цајтунг од Русија е скептична:


„Сметам , дека ние веројатно мораме да научиме , како што би рекле Англичаните :ту агри ту дисагри, или да се согласиш дека не се согласуваш . Тоа значи јасно да се стави до знаење дека ние не се согласуваме со  состојбата со правата  во моментов .Но она што паралелно е многу добро во тоа  се заедничките музејски контакти и изложби“’


Со тоа се сложува и археологот  Херман Парцингер. Тој го предлага начинот на постапување  на неговата бранша:


„Археолозите најнапред соработуваа во многу области, а дури подоцна отворија теми што имаат врска со украдените уметнички дела. Можеби би морало да се дефинираат  теми и за  науките за уметноста  и на ова заеднички да се работи и не секогаш најнапред да се тргнува  од состојбите со украдената уметност“


Со тоа меѓутоа украдените слики не се вратени назад во нивната стара татковина , но се отвораат перспективи за стручен дијалог. Можеби некогаш тој ќе може да ја убеди и политиката .



 
 
Share this article

FeedbackИспратиПечати

Други теми



 
Фотографија на денот
ImageOfTheDay

DW-TV EUROPE live

Journal (english) - With Business