1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици


 

Панорама  | 26.06.2008

Толеранција наместо илузија за мултикултурен соживот

Долго време холандскиот концепт на интеркултурен соживот за останатите земји од ЕУ беше пример за успешна интеграција на луѓето од различно потекло и религија. Во меѓувреме работите се влошија. Се бара излез.

Квартот Слотерварт кој се наоѓа во западниот дел на Амстердам не е пример за добар живот, просперитет и толеранција. Оваа населба е социјално жариште, проблематичен кварт и гето на мигранти за кое Холанѓаните не сакаат многу да знаат. Тука има станбени блокови изградени во 60-те години, кои се стари и со уништени фасади. Поголемиот дел од домашното, холандско население одамна се исселиле оттаму. Со тоа исчезна и илузијата за хармоничен Слотерварт во кој ќе просперира соживотот.

Младите мигранти најчесто бегаат од училиште

Попладне на централниот плоштад воглавно се собираат Мароканци и Турци. Младите таму, најчесто нередовно одат на настава. На тоа треба да му се стави крај сметаат во општините. Неодамна е воведен таканаречена програма „од осум до осум“ со којашто младите мигранти треба да се вратат на прав пат. Мароканецот Саид, социјален работник, ја објаснува целта на програмата.

„Почнуваме во 8:30 со брифинг на кој се зборува за тоа како поминал претходниот ден. Со училиштата се договоривме да не информираат ако некое дете не дојде на настава. Потоа одиме кај родителите за да видиме што е причината за тоа. Но, на пример се случува во едно семејство да немаат ниту еден будилник. Многу од родителите се без работа и живеат од социјална помош, па спијат до 10 или 11 часот. Во тој случај нема кој да ги разбуди децата за да одат на училиште.“ Со дополнителна настава и понуди за користење на слободното време, децата по училиште треба да се дообразуваат - по можност да бидат ангажирани до 8 навечер. Со тоа треба да се спречи уште од мали нозе да тргнат по погрешен пат и да станат криминалци, вели четириесет годишниот социјален работник. Во соработка со полицијатата, социјалните работници прават листа на родители кои се однесуваат неодговорно и чии деца би можеле да застранат. Превентивните мерки би требало да спречат понатамошно ширење на криминалитетот кај младите. Во тоа се согласни и социјалните работници и политичарите.

Проблемите долго време беа игнорирани

Проблемите, како растечкиот криминал во Слотерварт, бесперспективноста на младите мигранти и зголеменото насилство кај младите беа занемарувани долги години. Тоа, во 1998 година доведе до насилен судир меѓу мароканската младина и полицијата. Долго време таму незабележано живееа и млади шизофреничари како Мохамед Бојери, убиецот на холанскиот режисер Тео Ван Гог, кој израснал во Слотерварт и станал радикален муслиман. Градоначалникот Ахмед МаркучBildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:  Градоначалникот Ахмед МаркучВо иднина работите ќе ги решаваме поинаку и со „цврста рака“, ветува Ахмед Маркуч, скромен марокански полицаец кој сега е градоначалник на Слотерварт.

„Мојата мотивација беше да ги променам работите. Како полицаец научив многу за криминалот овде. Но, во квартов има и огромни социјални проблеми, кои не се во надлежност на полиција туку на владата. Претпоставените секогаш ни велеа: нашата работа е само да ги фатиме крадците. Но, ја сакав да ги променам општествените прилики и отворено да зборувам за проблемите на доселениците. Тоа единствено можев да го направам само ако влезам во политиката.“

Работите се подобруваат

Во меѓувреме многу работи се подобрија откако „супер полицаецот“ Маркуч спроведува политика на „нулта толеранција“ кон младите криминалци. Бројните социјалните и образовните програми кои ги спроведува по се изгледа даваат резултати. Исто така започна и со реновирање на старите згради. Сепак за оваа градска населба да стане привлечна за претприемачите треба уште многу работи да се променат. Според некои од идните планови, овој кварт можеби ќе стане место каде ќе се собира културната и интелектуалната елита, и тоа не само на оние со мигрантско потекло. Како по примерот на берлинската населба Кројцберг или париската Белвил, вели младиот Мароканец Асис Ајнан.

„Би било навистина супер ако Слотерварт се развие во таква населба. А тоа и не е толку тешко. Но за населбава да стане таков нов центар, ослободен од сите сегашни проблеми, без асистенции од полицијата и од луѓето кои седат во владините згради и размислуваат како да се решат проблемите - ќе мора да се отвори вратата за толеранција. Тоа е пораката за Слотерварт,“ вели младиот Мароканец, Ајнан.





 

Аријан Фаирборц

 
Share this article

FeedbackИспратиПечати

Други теми



 

DW-TV EUROPE live

Journal (english) - With Business Review

Фотографија на денот
ImageOfTheDay