1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици


 

Панорама  | 01.07.2008

Рамноправност во законот, но не и во животната реалност

Законот, кој стапи во сила на 1. јули пред 50 години, гарантира рамноправност на жените и мажите во Германија кога решаваат за прашања од работата и семејството. Но, тоа во меѓувреме не профункционира во секојдневието.

За младите, уште и добро образовани жени во Германија, кои сами заработуваат и донесуваат решенија, рамноправноста е самапосебе разбирлива. Но, ако сакаат да прават кариера, и да го усогласат тоа со обврските спрема семејството и децата, тогаш во најголем дел наидуваат на бариери што им беа познати на жените и во 70-тите години на минатиот век.

Ова е последица на идеали, кои требаше да бидат укинати уште пред 50 години, вели Уте Герхард, професор по социологија на Гетеовиот универзитет во Франкфурт. „Идеал на жените беше да водат среќен семеен живот, па во свеста на луѓето беше дека нормални околности се само ако жената остане домаќинка, а мажот заработува за семејството“.


Брачна рамноправност од пред 30-ина години


Овој идеал и натаму ја предоредува општествената свест и реалноста во Германија. „Рамноправноста токму во однос на поделбата на задачите формално се проби дури откако во 1976-та беше внесена во брачното и семејното право“ - појаснува Уте Герхард.

Ако се проби законски, тоа уште не значи и дека стана животна реалност. Рита Зисмут, прва жена - сојузен министер за прашања на семејството во осумдесеттите години, укажува: „Секој месец во извештаите на Сојузниот завод за вработување  ја имавме оваа реченица: ’Посебно тешко е да се најде вработување за следниве маргинални групи: странци, хендикепирани и жени‘“.


Жени на водечки функции се реткост


Сликата за жената како главно надлежна за семејството, децата и негата, во меѓувреме е напуштена како политички идеал, но социјалните промени одат многу побавно од техничките. „Бариерите се најголеми онаму, каде станува збор за делење на моќта, која е поврзана со општествено влијание - било во стопанскиот живот или во политиката, како и со приходите. Се’ уште е мал уделот на жени на раководни функции. Имаме жена како сојузен канцелар, но ниту една на чело на некоја од 16-те сојузни покраини“ - вели Рита Зисмут.

Со само 26-ипол процентна застапеност на жените на раководни позиции во стопанството, Германија е меѓу последните во ЕУ. Жените се платени за една четвртина помалку од машките колеги. Зисмут се залага за квоти на застапеност на жените, посебно во берзански ориентираните претпријатија.


НГО: жените поизложени на ризик од сиромаштија


И овдешните водечки невладини организации на жените сметаат дека во Германија се’ уште не е постигната целта за рамноправност. Во извештајот што го поднесоа деновиве до ОН тие укажуваат дека расте ризикот за жените во Германија да осиромашат, дека е запрен обидот рамноправноста на половите да се пробие на сите општествени нивоа и оти нема политички концепт против традиционалното сфаќање за улогата на жената како домаќинка и на мажот како издржувач на семејството.

►◄


 

Улрике Маст-Киршнинг

 
Share this article

FeedbackИспратиПечати

Други теми



 

DW-TV EUROPE live

popXport - Das Deutsche Musikmagazin

Фотографија на денот
ImageOfTheDay