1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици


 

Германија  | 01.07.2008

Неизвесност околу Лисабонскиот договор во Германија?

Германскиот претседател Хорст Келер засега нама да го потпишува указот за ратификација на Реформскиот договор на ЕУ. Најнапред мора Сојузниот уставен суд да пресуди по двете тужби против Лисабонскиот договор.

Повеќе ништо не се движи во процесот на ратификација на Реформскиот договор на ЕУ во Германија.

Келер ќе сочека со потписот

Сојузниот претседател Хорст Келер засега не го потпишува указот за ратификација на договорот. Тој сака да сочека, како ќе одлучи Сојузниот уставен суд. Судиите во Карлсруе во моментов ги разгледуваат двете тужби поднесени против договорот и го замолија претседателот Келер да сочека со неговиот потпис. Подносители на тужбите се парламентарната група на партијата на Левицата и политичарот на Христијанско социјалната унија Петер Гаувајлер.Канцеларијата на сојузниот претседател го објави ова во кусо соопштение. За тоа бил информиран и Уставниот суд-се вели од таму.

Ќе стапи ли Лисабонскиот договор во сила на 1 јануари 2009-та?

Реформскиот договор на ЕУ познат уште како Лисабонски договор, треба да го замени планираниот европски Устав , кој во летото 2005-та година беше отфрлен на референдумите во Франција и во Холандија. Но истотака на референдум неодамна Ирците го отфрлија и Лисабонскиот договор. Во Германија, тој пак веќе беше ратификуван во двата дома на парламентот, Бундестагот и Бундесратот. Лисабонскиот договор треба да стапи во сила на 1 јануари 2009-та година. Неодамна германската канцеларка Ангела Меркел во Бундестагот порача дека процесот на ратификација треба да продолжи и покрај ирското „не“.


Подносителите на тужбите задоволни од одлуката на Келер

Договорот предвидува, ЕУ да стане потранспарентна и подемократска. Така таа во иднина треба да добие претседател на Советот на ЕУ кој ќе биде избиран за мандат од 2 и пол години.Покрај тоа повеќето одлуки ќе се донесуваат со мнозинство а не како досега со консензус на земјите членки, што би требало да ја олесни заедничката политика во проширената ЕУ.

Партијата на Левицата во Бундестагот, реагираше со задоволство на одлуката на сојузниот претседател. Шефот на пратеничката група Грегор Гизи изјави, дека ова е прв успех на Левицата во нејзината тужба против Лисабонскиот договор.

Левицата во тоа гледа потврда за својата критика за договорот. Таа бара од германската влада, сето ова да го сфати како шанса, да го стопира Договорот и да започне со нови преговори.

 
 
Share this article

FeedbackИспратиПечати

Други теми