1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици


 

Македонија  | 02.07.2008

Први знаци за составот на новата Влада

Мандатарот Никола Груевски ги продолжува консултациите со можните партнери за формирање нова коалициона влада во Македонија. Пет досегашни министри на ВМРО ДПМНЕ се откажаа од новите пратенички мандати.

Во Македонија се појавуваат првите знаци дека веќе се формира новата владина коалиција и идниот кабиент на мандатарот Груевски. Имено во првите десет денови од работата на новиот состав на Парламентот, ДУИ на двапати застана зад ВМРО ДПМНЕ. Првиот пат со отворена поддршка за новиот претседателот на Собранието Трајко Велјановски, а вчера (01.07.08) интегративците го поддржаа и новиот закон за формирање бизнис факултет во Куманово.

Во меѓувреме продолжуваат преговорите на мандаторот со шефовите на албанските партии во Македонија. Партиски брифери од ДУИ велат и дека Ахмети ќе побара писмена платформа во чие средиште ќе биде Рамковниот договор и официјализирање на албанскиот јазик. Експресно потоа реагираше најтесниот врв на ВМРО ДПМНЕ, којшто на посебна седница се заложил дека нема коалиција со албанскиот партнер ако излезе од рамките на важечкиот Устав.

Според аналитичарот Мерсил Биљали, мандатарот Груевски не треба да биде во дилема за новиот коалиционен партнер во Владата. „Да ја почитува вољата на албанското мнозинство, што политички е позрело и со тоа практично се формира поодговорна и пофункционална влада.“

Што се однесува до кадарот од ВМРО ДПМНЕ кој ќе биде застапен во новата влада, се очекува  најблиските соработници повторно да застаната на чело на некои министерства, сигнал за тоа е и враќањето на пратеничките мандати што го направија Антони Милошоски, Зоран Ставревски, Гордана Јанкуловска, Трајко Славевски и Миле Јанакиевски.

 

Александар Чомовски

 
Share this article

FeedbackИспратиПечати

Други теми



 
Фотографија на денот
ImageOfTheDay

DW-TV EUROPE live

Journal (english) - With The Week