1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици

 
 
 

 

Панорама  | 07.07.2008

Жените во 68-та побараа нова улога во општеството

Деца, кујна и црква - околу ова се вртеше животот на многу жени во 50-те и 60-те години во младата Германска република. Младите жени решија да си го променат секојдневието. Така се роди женското движење во земјата.

Германската република во 1968 година беше мало граѓанско и авторитативно општество. Поранешните нацисти беа високо позиционирани во владините институции, татковците повратници не зборуваа со своите деца за она што се случило. Планираниот закон за воведување вонредна состојба ги мобилизираше студентите и синдикатите, а една цела генерација сметаше Американците сами си го погазија мировното кредо во Виетнам.

„Бевме навистина потресени од она што се случуваше таму. Видовме страшни слики на деца изгорени од напалм бомби, оставени голи на улица, или американски војник кој држи пиштол вперен во главата на еден Виетнамец. Тоа се слики кои ти остануваат вечно врежани во мозокот“, раскажува Сара Хафнер, сликарка која живееле во тогаш поделениот Берлин. Градот во кој една млада генерација одлучно, но и со многу фантазија и хумор Сара ХафнерBildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:  Сара Хафнер протестираше против ваквите настани. Во април 1968 година таа стана член на новоотворениот Републикански клуб. Една од нејзините слики, насочена против десноконзервативниот печат и штимунг во земјата, постојано стоеше на ѕидот каде клубот одржуваше прес конференции. И покрај тоа, политиката на Сојузот на социјалдемократски студенти и вонпарламентарната опозиција, ја градеа мажи.

„Бевме навикнати на тоа дека мажите ги командуваат жените. Но, секогаш се прашував - што правам толку погрешно, што мажите така со потценување се однесуваат кон мене? Во разговор со други жени сфатив дека сите имаме исто искуство. Тој момент беше клучен за нашето освестување“, вели Сара.

Жените размислуваа за промени

Приватното е и политичко - овој слоган жените сакаа брзо да го спроведат. Но,често не можеа да учествуваат во демонстрациите бидејќи мораше дома да ги чуваат децата. Почнаа да размислуваат што може да променат. Наскоро, беа основани првите градинки. За мали пари се изнајмуваа простории од празни продавници и во нив неколку жени на смени ги чуваа децата, додека останатите можеа да дебатираат на теми како виетнамската војна, грчката воена диктатура, гладот во Африка, но и за прашањето - како може да си го променат начинот на живот? Се дебатираше на универзитетите, но и во Акцискиот совет за ослободување на жените во републиканскиот клуб, каде се сретнаа Сара Хафнер и сега позната режисерка, Хелке Сандер. Двете се залагаа за соработка со претставниците на Сојузот на социјадемократски студенти. Жените повеќе не сакаа да го прифатат ставот дека тие треба да седат дома. Така Хелке Сандер, отпатува на 23-от конгрес на СДС во Франкфурт, и беше единствената жена којашто таму одржа говор.

„Тука сме бидејќи сметаме дека еманципација е можна само на општествено ниво. Мора да се признае дека жените се поактивни во општеството отколку мажите, и нема да сме нескромни ако кажеме дека сакаме и нашите барања се земат в предвид. Ако СДС не сфаќа за што станува збор, тогаш ќе бидеме приморани на борба, што ќе ни одземе многу сила. Но, ќе победиме, бидејќи историски гледано секогаш сме во право“.

Доматот во лицето на Крал беше пресуден

Но, потоа не следеше дебата за содржината на говорот означен како историски. Затоа „на помош“ пристапи Зигрид Дам Ругер. Фрли домат кон проминентниот сопартиец од СДС, Ханс Јурген Крал кој му се распарчи директно в лице. Тоа беше вистински успех, се присетува Ругер.

„По реакциите на останатите жени видов дека сум така да кажам победник. Тие веднаш изрипаа и извикуваа зборови на поддршка, така што конечно се најдовме на дневниот ред. Вусшност беше срамота тоа што ова прашање веќе стотина години не се нашло во фокусот. Фактот дека жените дури тогаш го искажаа своето незадоволство  и потоа дадоа свој придонес, покажа дека се било исправно.“

Уште истиот ден беше основан првиот „Женски совет“. Тогаш се роди и новото женско движење во Германија, кое во седумдесеттите години достигна највисока мобилизација со дебатата за абортусот.

 

Улрике Маст Киршнинг

 
Share this article

FeedbackИспратиПечати

Други теми



 

DW-TV EUROPE live

Journal (english) - With In Depth