1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици


 

Балкан  | 08.07.2008

Нова влада во Србија

Српскиот Парламент со тесно мнозинство го избра составот на новата влада. Коалиција е составена од про европските сили предводени од претседателот на земјата Тадиќ и социјалистите на поранешниот претседател Милошевиќ.

Новата влада ги постави евроинтеграциите како еден од главните приоритети. Нејзин прв чекор ќе биде ратификување на договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ. Тоа на некој начин ќе ја реши повеќемесечната дилема околу судбината на документот и приближувањето на Србија кон Европа, смета политичкиот аналитичар Славиша Орловиќ „Но многу позначајна за граѓаните на Србија е пораката до инвеститорите дека Србија во наредниот период може да биде стабилна земја. Тоа може да биде добар сигнал за директни инвестиции и странски вложувања што е непосредно поврзано со придвижување на производството и подобрување на стандардот.“

Во јавноста владее уверувањето дека премиерот Цветковиќ главно ќе се занимнава со економијата, а надворешната политика ќе биде работа на претседателот Борис Тадиќ. Инаку претседателот и премиерот се од иста партија, што според Орловиќ е показател дека земјата влегува во фаза на полупретседателски систем „Тоа значи дека Борис Тадиќ веројатно ќе биде човекот кој поинтензивно и позначајно ќе ја креира политиката во Србија.“

Новата влада ќе се бори против независноста на Косово

Составен дел на експозето на премиерот беше и почитување на меѓународното право, што значи продолжување на борбата против независноста на Косово. Проценките се дека во однос на овој проблем нема да има какви било промени во политиката.

Орловиќ смета дека сега на сцена ќе стапи фаза која малку ќе наликува на конфликт со меѓународната заедница:„Повеќе ќе биде еден конструктивен однос во комуникацијата со меѓународната заедница. Ќе има контиунитет, но секако дека ќе се забележат и специфичностите од она што беа точки во разидувањата во ставовите.“

Хаг и Косово се двете точки на кои се гледа како први можни спорови во коалицијата. Но сепак се смета дека владините партнери околу овие прашања постигнале договор за единствена политика. Се очекува и одлука за статусот на амбасадорите кои беа повлечени во земјата по признавањето на земјата.  

 

Ивица Петровиќ

 
Share this article

FeedbackИспратиПечати

Други теми