Германија | 08.07.2008
Доброволна работа за врсниците од Балканот
Социјалниот ангажман на учениците од Германија денес бележи 10 годишен јубилеј. Со парите заработени од нивната работа ширум Германија, ќе бидат финансирани три проекти за нивните врсници од кои еден и во Македонија
Учениците се креативни градинари. Некои се мајстори во бојадисувањето. Други ги бива за миење прозорци. Има такви кои умеат само со компјутерите. Сето она што помалку или повеќе го знаат, на Денот на доброволната социјана работа кој стана традиција по урнекот на Скандинавија, учениците го претвораат во пари. Но парите не се за нив, туку за нивните врсници на кои им се попотребни. Каде ќе го инвестираат заработеното, учениците претходно најдемократски се договараат.
Проекти за вработување на младите
Невработеноста на младите е една голема тема за Западен Балкан. Бројките покажуваат дека таа е трипати поголема од просекот во ЕУ и има релативно лошо лоби за проекти за вработување на младите, кажува Оливер Каинрад од фондацијата „Учениците го помагаат живеењето” .
Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Канцеларката Меркел ги поддржува младите Годинава е решено дел од заработеното покрај за Албанија, да се насочи кон Македонија, Србија, Косово, и Босна и Херцеговина. и тоа за проекти за намалување на невработеоста кај младите. Еден таков пилот проект веќе е реализиран од Балканската фондација за деца и млади од Скопје. Координаторот Кристина Велковска кажува дека пилот проектот се одвиваше минатат година при што се врабоени 183 млади луѓе, а околу 400 добија тренинзи за обука и доквалификација. Едновремено било поддржано и регионалното поврзување на младите. Со оглед на успешната пилот фаза одлучено беше овој проект уште еднаш да се изведе во Македонија и да се прошири во Косово, Србија и Босна и Херцеговина.
Целта е до 2015 да биде имплементиран во сите земји од Југоисточна Европа. Инаку, во проектот што ќе трае од септември 2008 до октомври 2010 година ќе бидат вложени 155.000 евра од германските ученици. Проектот опфаќа три дела: пракса, доделување грантови и поддршка на најдобар бизнис план на младите. Еден од најсупешните примери од пилот проектот е оној од Карбинци каде со помош на фирмата Еко-Вита од Неготино десетици млади се вклучија во производството на печурката буковка и развија сопствени семејни бизниси.
Учениците градинари и компјутерџии
Во денот посветен на социјалниот ангажман се вклучија десеттина берлиниски училишта. Дел од учениците беа градинари во паркот на канцеларката, но имаше и такви кои работеа во фирми. „Малку ја популаризирав социјалната работа во училиштето. Делев флаери и разговарав со другарите дека е одлично да се вклучат во акцијата. Конкуренција беше фудбалскиот турнир којшто се оддржа истовремено, но сепак десеттина пристигнаа на еднодневната работа во фирмата “Штудиферцајхнис” - вели деветнаесет-годишниот Оливер Месих од Училиштето за комуникациска, информатичка и медиумска техника.
„Радо поддржуваме социјални проекти и затоа имаме над десеттина ученици кои се вклучени во акцијата: 3,8 милиони наши корисници он-лајн да се информираат за социјалниот ангаман и проектите на младите. Со оглед што станува збор за бесплатна реклама сметаме дека на сметката на Фондацијата ќе пристигне пет цифрен износ” - позитивно коментира и Кристиане Бидерблак, одговорна за учениците доброволци од фирмата „Штудиферцајхнис” од Берлин.

















