1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици


 

Европа  | 08.07.2008

Без единствен систем на аларм во ЕУ при киднапирање деца

Министрите за внатрешни работи на ЕУ на неформалната средба во Кан не постигнаа согласност за воведување единствен европски алармен систем, кој би овозможил брза прекугранична соработка во случаи на киднапирање деца.

Во Франција и Грција, со националните алармни системи, веќе при први индиции за киднапирање, во рок од само неколку часови, се бара помош од населението преку медиуми, на информативни табли на автопатиштата и преку разгласите на станиците. Франција, поаѓајќи позитивните искуства со националите алармни системи, предложи создавање единствен таков систем за целата ЕУ.

Германија се спротивстави на францускиот предлог како на премногу далекусежен, па на крајот остана ублажена варијанта државите сами да решаваат дали ќе дадат аларм при исполнување одредени критериуми. Од сите држави на Унијата се бара да востановат централно место за пријавување случаи на грабнување, на кое по потреба ќе можат да се обратат и колегите од другите земји на Унијата.

Германија е против стриктни правила и против истовремено алармирање во цела Европа во случај на киднапирање. Аргументи на министерот за правда Бригите Циприс се дека во 80 насто од случаите на исчезнати деца, тие се појавуваат дома живи и здрави во рок од два до три дена.

►◄




 
 
Share this article

FeedbackИспратиПечати

Други теми