Панорама | 10.07.2008
Тврдината Вaлдек-кога револуцијата пристигна во германската провинција
Викендот на Спасовден 1964, се оддржа првиот фестивал Валдек. Тогаш никој не мислеше дека за музичарите ова ќе биде почеток на една нова музичка епоха, а за историчарите културно-револуционерен настан.
Фестивалот Валдек претставува лулка за новата германска песна. За првпат по 1945 се појавија песни на германски јазик што ја отсликуваа моменталната состојба во земјата.
Композиторите како Франц Јозеф Дегенхарт, Ханес Вадер или Валтер Мосман ги претставија своите „критички песни“ на Валдек во 1966. „Уште на почетокот имаше критика во песните, зборуваа за реалноста, а тогаш тоа беше најбитно. Во сите новокомпонирани германси песни уште на самиот почетокт се забележуваше дека се повистинити, пореални. И она што тогаш го оформуваше мислењето – критика, социјална критика“ – вели Мосман.
Американскиот фестивал Њупорт Фолк пример за Валдек
Во 1967 фестивалот се одржа под мотото „Песна за ангажман“. Големата коалиција, законот за итни случаи, војната во Виетнам, Руди Дучке и Социјалистичкиот германски студентски сојуз, како и смртта на Бено Онезорг – сето тоа бараше и уметниците да заземат став. Американскиот фестивал Њупорт Фолк беше голем пример за Валдек, а посетителите од САД го донесоа во Германија движењето за граѓанските права.
Наместо добро одбрани стихови, на сцената владееја резолуции, се продаваа мао-библии, а на шаторите се поставуваа црвени знамиња. На дневен ред беа само песни што фрлаа сосема нов поглед на сопственото општество. Свирејќи на тапан, виенскиот уметник и теоретичар Ролф Швендтер направи пародија на една љубовна песна од Рајнхард Меј.
Валдек дел од меѓународниот отпор
Во 1968 година, Валдек фестивалот беше дел од меѓународниот отпор, искажувајќи солидарност со политичките движења на борбените работници и студенти од Франција.
Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Ханес Вадер, со песна против војната Од оваа дистанца, Ханес Вадер смета дека фестивалот во 1968 бил премногу исполитизиран. „Се дискутирше. Се правеше се` можно. Се претставуваа политички програми. Се сретнуваа политички групи од разни кулоари. Како се` да беше малку излезено од контрола, но таква беше и целосната ситуација во Германија и политичкиот продир во доцните 60-ти“ – се потсетува Вадер.
На последниот голем Валдек фестивал во 1969 година доминираа бит и андерграунд бендови. Песните и фолклорот играа само споредна улога. Организаторите на шесте претходни фестивали од 1964 до 1969 сега им се посветија на други активности. Многу од музичарите што настапуваа си го изградија името, па Валдек веќе не им беше потребен. Оние, пак, кои и понатаму се залагаа за револуција насекаде можеа да најдат подобра публика, отколку онаа во отсечената провинција.
Во еден напис во еден келнски весник пишуваше: „По 5 години, познатиот музички фестивал прејде во рацете на надворешно-парламентарната опозиција. Валдек не е веќе она што беше“.


















