Панорама | 09.07.2008
Крваво задушен крик за демократија
1968 година во свеста на западните Европејци најчесто е поврзано со студентските протести во Берлин и во Париз. Но луѓето од источна Европа годината ја паметат пред се’ по „Прашката пролет“и нејзиното крваво задушување.
Во 1968 година, реформските сили собрани околу Александар Дубчек во движење за демократизација на Чехословачка сакаа да воведат слободно стопанство и социјализам без цензура во Чехословачка. Тоа не им се допаднана Советите кои во август 1968 година со тенкови ги задушија еуфоријата и надежта кои владееја во земјата во претходните 8 месеци. Фотографиите на тој трагичен настан коишто тогаш го обиколија светот се врежаа во сеќавањата на многумина како слики на безнадежност и разочарување. Сега тие можат да се видат на изложбата поставена во германскиот Бундестаг.
Историска драма
„Драги пријатели, чекословачкото радио го запира своето емитување. Во нашата куќа веќе влегоа странски војници. Се простуваме од вас и стискајте ни палци. Чехословачкото радио завршува со емитување. Од сега наредните емисии на оваа радио станица нема да бидат емисии кои самите ги подготвуваме“
Така гласеше објавата на Радио Чехословачка во раните утрински часови на 21 август 1968 година, којашто го обиколи светот. Потоа следуваа и фотографиите за задушувањето на Прашката пролет. На нив се гледаат луѓе кои со голи раце им се спротиставуваат на тенковите или поставуваат барикади. На лицата им се оцртува гнев и очај, а црно-белите фотографии од тој период сведочат за историската драма.
Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Демонстрации во Прага Тие фотографии се составен дека од меѓународната историја на фотографијата. Еден од тогашните фотограви Владимир Ламер се присетува: „Излегов на улица околу шест и пол, кога првите тенкови проаѓаа низ улицата Соколовска. Итно го зграпчив својот апарат и отидов на плоштадот Венцел и цел ден фотографирав.“
Денес 78 годишниот Ламер е еден од најпознатите чехословачки фотографи, а за време на советската инвазија тој ги направи некои од највпечатливите фотографии што го обиколија светот: „Тие сеќавања не можат да се избришат од свеста, толку се силни што траат цел живот. Поентата е во тоа што сите знаеја дека влегувањето на тенковите значи крај на сцијализмот. Тоа е навистина така - кога една социјалистичка земја ќе окупира друга, тогаш е готово со таа идеја.“
Година исполнета со надеж и разочарување
Изложбата „Лицата на Прашката пролет -1968 година во чехословачката фотографија “ покажува избрани дела на чешки и словачки фотографи, кои на светската јавност и пренесуваа слики од таа историска драма, честопати ризикувајќи го и сопствениот живот.
Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Советските тенкови на улиците на Прага Еден од посетителите на изложбата во Берлин е и Волфганг Тирзе поранешен претседател на германскиот Бундестаг, кој сеуште добро се сеќава на тие денови во 1968 година. Во тоа време тој бил студент во источен Берлин: „Тоа беше година исполнета со надеж во некој друг вид социјализам - во повеќе човечност и демократизирање на комунистичката диктатура. Но тоа беше и година на големо разочарување кога советските тенкови и тенковите на останатите земји од Варшавскиот пакт ги уништија тие надежи. За нас во источна Германија во 1968 година тоа беше поважно од студентското движење на западот“- вели Тирзе.
Слично како и по народното востание во Унгарија во 1956 година, движењето за демократизација на тогашна Чехословачка -познато под името „Прашка пролет“ -беше брутално задушено од страна на советските сили.
Фотографиите на изложбата во Берлин покажуваат дека Чехословачка во тоа врме била 20 години понапред од останатите земји од источниот блок. Тогаш реформските сили собрани околу Александар Дубчек се обиделе да воведат социјализам без цензура, без култ на личноста и со слободен пазар- таканаречен „социјализам со човечко лице“. Набргу по крвавото задушување на процесот на демократизација, меѓутоа наместо визијата за едно подобро општество настапи период на фрустрација.
Многумина ја напуштија земјата, другите пак живееја во резигнација. И требаше да поминат 21 година, за да дојде наредната надеж и со „Кадифената револуција“ да биде остварено она што веќе во 1968 година беше сонувано: Живот за кој граѓаните одлучуваат сами, во една слободна земја.


















