1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици


 

Панорама  | 11.07.2008

Квартот-комуна Кристијанија во Копенхаген уште сведочи за идеалите на ’68та

Градот во град - „Кристијанија“ во данскиот град Копенхаген - беше создаден во 1971-та. Од тогаш до денес во многу наврати му се закануваше затворање на квартот, во кој 37 години постои голема активна хипи комуна.

Тоа што се' уште постои, оваа жива утопија може да му ја заблагодари на огромната популарност ширум светот. Меѓутоа сегашната конзервативно-либерална коалиција во Данска има намера да му стави крај на социјалниот експеримент, што носи јасни траги на движењето од 68-мата година.

Социјална реторта

Кристијанија, туристичка атракција во Копенхаген Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:  Кристијанија, туристичка атракција во Копенхаген „Ова е еден вид централа за експериментирање, оддел за развојни истражувања на општеството. Тоа е социјален експеримент и огромно детско игралиште за возрасни. Луѓето доаѓаат овде и се чудат, а потоа преземаат некои од идеите што им се допаднале...“ – раскажува Брита Лилесе, актерка и претседавач со Одборот за прашања на културата во Кристијанија - и што е многу важно - еден од најстарите жители на градот-комуна. Таа вели дека креативноста останува и понатаму главна одлика на овој животен експеримент, како на полето на архитектурата, театарот, сликарството и вајарството, така и во потрагата по решенија за сосема практични проблеми.

Како беше на почетокот

Брита раскажува и за почетоците. Во 1965-та таа и повеќе млади луѓе од нејзината генерација се вселија во неколку куќи во Копенхаген кои беа предвидени за уривање. „По некое време ги здруживме силите за да ѕидаме купатила и да го уредуваме просторот онака, како што нам ни се допаѓа. А политичкиот аспект дојде со зданието што го нарекувавме ’Дворот на Софија', тој стана мајка на Кристијанија...“

Зданието што го носеше името на Софија, Божицата на мудроста во античката митологија, беше меѓутоа принудно расчистено, исто како  и другите згради во околината. За тогашната власт, младите луѓе кои се собираа таму беа опасни револуционери, кои не го прифаќаа потрошувачкиот менталитет на општеството во кое живееја, ниту пак покажуваа интерес за грабеж по приватна сопственост како најголемиот дел од нивните сограѓани. Дури и куќите кај што живееја тие беа урнати за да му се затре трагата на движењето. Но, сметката на органите на власта се покажа погрешна. Летото 1971-та беше пробиена оградата на поранешната касарна во квартот Кристијансхавен.

Кристијанија го доби името

„Јакоб Лудвигсен беше уредник на поранешниот весник Ховедбладет, еден вид алтернативен магазин, кој пишуваше за вакви и слични алтернативни иницијативи во општеството. Во тоа време тој напиша голема стстија со наслов: Качи се на трамвајот број 8 и исели се во Кристијанија Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:  Кристијанија   Кристијанија! Од таму и името на градот-комуна“ – појаснува еден од првите жители, Брита Лилесе.

Од тогаш многумина доаѓаа и си одеа, вели таа, но многумина и останаа, меѓу нив актери, музичари, сликари, вајари. И што е најважно цели 37 години остана нивниот дух, оценува Кирстен, по професија антрополог, која во Кристијанија се досели во 1980-та година:

„Имаме голема слободарска традиција што потекнува всушност од нашите претци, Викинзите. Нам ни е всадена доверба дека луѓето можат самите да се погрижат за се’, дека можат да се договорат и да создадат соодветен поредок. Нам не ни треба никој, кој од надвор ќе донесува одлуки во наше име. Тоа е многу важна карактеристика за секое општество и овде може да се види дека тоа така и функционира. Треба само на луѓето да им се дозволи да се доселат негде, да се развиваат и органски да сраснуваат – така како што тоа овде во Кристијанија и се случи. Треба само да ни дозволат да продолжиме вака, тоа е многу подобро – уверена сум во тоа!“ – нагласува антропологот Кирстен.

Владата со поинакво мислење – и намери

Сегашната влада на Данска меѓутоа има поинакво мислење. Градот-комуна со децении беше прифатен како „социјален експеримент“, имаше дури и закон што ја регулираше поделбата на трошоците. Но, откако дојде на власт либерално-козервативната влада во 2001-та година, таа кусо потоа ја прогласи Кристијанија за нелегална. Одвоени од остатокот на граѓанското општество жителите на Кристијанија ја беа прогласија за „зона слободна од ЕУ“ и „отворена за канабис“. Веќе тоа и’ беше трн во окото на новата конзервативна влада. А исто така и доволна причина за секој ден да упатува на патролирање во градот-комуна по 50 полицајци опремени за улични борби. Полицијата во паркотBildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:  Полицијата во паркот  

„Тоа е така веќе со години, секој ден. Фактички е злостор секој ден да се испраќаат толку полицајци само за да видат дали имам некој грам хашиш во џебот. Таму, во другите делови од Копенхаген луѓето ги напаѓаат, ги бодат со ножеви или ги силуваат – но таму не испраќаат 50 полицајци во борбена опрема. Ние сме им опасни, ние сме најголемиот непријател на општеството, ние кои пушиме по малку хашиш“ – се жали Граф Лине.

Идеолошки, но и економски интереси

Во одлуката на владата да ја растури комуната и спроведе приватизација на земјиштето и зданијата секако има и економски интереси. Овие парцели спаѓаат меѓу најатрактивните во градот и владата сака да го нормализира овој кварт со тоа што ќе им продава парцели на приватни инвеститори. На таквата намера на властите решително и’ се спротиставуваат  жителите на Кристијанија, бидејќи таму еден од основните принципи е токму заедничката сопственост, односно дека становите и куќите не можат да му припаѓаат никому.

Целиот процес е уште во тек, но доколку владата успее во намерата, тогаш тоа може да биде почеток на крајот на овој социјален експеримент. „Тие тоа го нарекуваат нормализирање, а тоа не оди никако.... Кристијанија не е нормална во вообичаениот смисол на зборот и тоа ни не треба да стане. Ако некој, така да кажеме, ја 'нормализира' Кристијанија, тогаш фактички ја уништил“ – вели Пребен, кој ги произведува на далеку познатите Кристијанија велосипеди, што одлично се продаваат во целиот свет.

Сметка без крчмар?!?

Можно е меѓутоа сметката на владата да испадне погрешна. Жителите на Кристијанија по 37 години искуство прво се добро подготвени и за конфликт, ако треба. А второ, владата не смета со поддршката на илјадниците посетители кои секојдневно доаѓаат овде и одушевени ја носат во своето срце надежта дека ваква утописка заедница сепак може да постои.


 

Хеле Јепесен

 
Share this article

FeedbackИспратиПечати

Други теми



 

DW-TV EUROPE live

Journal (deutsch) - Mit Tagesthema

Фотографија на денот
ImageOfTheDay