1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици

 
 
 

 

ЕУ-Македонија  | 11.07.2008

Делегација на Советот на Европа во постизборна посета на Македонија

Делегација на Советот на Европа од понеделник ќе престојува во Македонија во постизборна мисија со цел да се запознае со равојот на внатрешнополитичкта ситуација по тешкотиите забележани на парламентарните избори.

За време на посетата на Македонија,  претставниците на Парламентарното Собрание на Советот на Европа  ќе имаат средби со највисоките политички раководители на земјата и со првите луѓе на политичките партии.

Парламентарното Собрание на Советот на Европа на последната сесија во Стразбур и испрати сериозно предупредување на Македонија, но без притоа да го врати мониторингот како што бараа некои парламентарци. Оттука доаѓа и одлуката за испраќање на постизборна мисија поради насилствата забележани за време на предизборната кампања и самите избори, ова и покрај значајниот напредок забележан при прегласувањето, кога не беа исполнети и испочитувани сите преземени обврски.

Според некои шпекулации, делегацијата на Парламентарното Собрание  на Советот на Европа требаше да игра и улога на посредник во помирувањето на албанските партии од Македонија.

Извештајот од постизборната посета во рамките на постмониторинг дијалогот кој го одржува паневропската асамблеја со Македонија ќе биде претставен пред Парламентарното Собрание на Советот на Европа најверојатно во септември. Укинувањето на постмониторингот за една земја членка на Советот на Европа, значи дека земјата ги исполнила сите обврски и ангажирања преземени со членството во Советот на Европа, односно исполнување на т.н. критериуми од Копенхаген.

 

Тони Гламчевски

 
Share this article

FeedbackИспратиПечати

Други теми



 
Фотографија на денот
ImageOfTheDay

DW-TV EUROPE live

Journal (deutsch) - Mit Wirtschaft