1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици


 

Млади 21  | 15.07.2008

Сиднеј ги пречека младите од светот

Во Сиднеј, официјално се отвори Светскиот собир на католичката младина 2008. На церемонијата учествуваа повеќе илјади аџии, млади католици од целиот свет.

На мисата на отврањето што ја држеше надбискупот на Сиднеј, австралискиот кардинал Џорџ Пел организаторите очекуваа 150 илјади луѓе. За многумина не беше лесно да стигнат до местото каде се отвори Собирот, а згора на тоа и да го изговорат неговото име Барангаро пристаништето во Сиднеј.

Учењето на Исус Христос поблиску до младите

Организаторите очекуваат Светскиот собир на католичката младина во Сиднеј да испрати мисионерски импулси за католичката црква и пред се’ за младите врници. Со оглед на мрачните перспективи за иднината и безнадeжноста, христијанската вера нуди сила и ориентација рече кардиналот Пел, воочи отварањето „Основната смисла на Светскиoт собир на кaтоличката младина е на младите католици да им се приближи личноста и учењето на Исус Христос. Како на младите, пред се’ тука во Австралија, кои се нарекуваат Христиајни, но и на оние кои не знаат многу за религијата и кои се во потрага по своите ставови.“

Од денеска па се’ до недела повеќе од 200 илјади млади ќе учесвуваат на Собирот, а расположението насекаде во Сиднеј уште сега станува се повесело, младите, пеејќи и танцувајќи се движат низ улиците.

СМС порака од Папата

Многу аџии денеска добија и СМС порака од Папата Бенедикт 16, кој сеуште е на одмор, пред в четврток со брод да пристигне на пристаништето во Сиднеј, кога свечено ќе ги поздрави учесниците. Господ и неговиот народ очекуваат многу од тебе, можеа да прочитаат учесниците на собирот на својот мобилен телефон. Бидејќи ти го носиш најголемиот подарок во тебе; духот на Исус Христос, се вели во пораката.

NoToPope-Koalition - протестно движење

Протестното движење против Светскиот собир на католичката младина, австралиското „NoToPope-Koalition“  денеска доби и засилување. Имено сојузниот суд ги прогласи строгите безбедносни мерки во сојузната држава Нју Саут Вест за спротивни на уставот. Властите претходно забранија делење на кондоми меѓу младите на Светскиот собир на католичката младина како и носење на маички со провокативна содржина. Сега тие се дозволени, така што постои стравување кај властите, дека во наредните денови би можело да дојде до недоразбирања. 

 

Бернд Муш Боровска

 
Share this article

FeedbackИспратиПечати

Други теми



 

DW-TV EUROPE live

Journal (english) - With World Cup Qualifier: Germany - Wales

Фотографија на денот
ImageOfTheDay