1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици


 

Трендови  | 16.07.2008

Што ќе и донесе Мадона на Будва

Светската поп ѕвезда Мадона на 25 септември како дел од европската турнеја настапува во Будва. Најавениот спектакл, е добар но многу скап маркетинг за Црна Гора. Истовремено создава и нереална слика за Будва.

Колку точно пари ќе инкасира светската поп ѕвезда од настапот на плажата Јаз во Будва, официјално не се соопштува. Според неофицијалните информации, општината Будва, помогната од неколку спонзори, за концертот на 25 септември ќе платат седум милиони евра. Или два милиона повеќе од понудите на Загреб и Белград. Портпаролот на Министерството за туризам, Јелена Паовиќ, вели дека Црна Гора ќе има голема корист од концертот на Мадона:

„ Концертот ќе придонесе за добриот имиџ на Црна Гора, а ќе ја продолжи и туристичката сезона. Се очекува да дојдат голем број туристи од регионот и Европа„

Се создава ли нереална слика за Будва?

Новинарот Бранка Пламенац пак смета дека организирањето на концертот е бесмислена работа, бидејќи со тоа Будва целосно се откажува од културното наследство. БудваBildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:  БудваСпоред неа неверојатно е тоа што општината и спонзорите за концертот плаќаат толку големи пари, во услови кога градот ги нема решено комуналните проблеми:

„ Се создава нереална слика за Будва, во која е многу тешко да се живее поради нерешените комунални проблеми. Спектаклот кој го следи настапот на Мадона, воопшто не ја отсликува реалната состојба на теренот„

Се очекува голема посетеност

Според досегашните информации, за концертот, пуштени се во продажба 65.000 влезници. Со цена од 35 евра, Будва ќе биде најевтиното место каде ќе може да се следи дел од турнејата на Мадона која опфаќа 13 европски градови. Цената на билетите за ВИП местата ќе чинат околу 200 евра. Се очекува многу поголем интерес од концертот на Ролинг Стоунс, кога беа продадени 25.000 билети. Дотолку повеќе што концертот на Мадона во Будва ќе биде единствен во целиот регион.






 

Весна Рајковиќ

 
Share this article

FeedbackИспратиПечати

Други теми



 

DW-TV EUROPE live

Im Focus - Aufbruch im Nordmeer - Der Schatz in der Barentssee

Фотографија на денот
ImageOfTheDay