1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици


 

Печат | 16.07.2008

Дали е оправдан Балканскиот страв?

По ирското не за Договорот од Лисабон, на Балканот расте стравот од стопрање на процесот на проширување на ЕУ. Денешен Ноје Цирхер цајтунг пишува за хрватските и перспективите на западен Балкан за членство во ЕУ.

„Францускиот амбасадор акредитиран во Загреб Франсоа Сен Пол неодамна во присуство на локални пратеници на Европската комисија, даде уверување пред претставниците на медиумите, дека процесот на хрватскиот прием во ЕУ, за време на француското претседателство ќе има предност. “ пишува Ноје Цирхер цајтунг и анализира

„Пораката на амбасадорот одговора на оптимистичката слика што ја црта владата во Загреб. Тоа што таа редовно го разгласува е блиско до заклучокот, дека хрватските преговори за ЕУ ќе бидат завршени во текот на наредната година и приемот во 2010 е договорена работа. Оваа сигурност делумно се заснова и на проширениот став за Хрватска како историски носител на европските вредности. Тоа што формалниот пристап кон ЕУ сеуште не се случил, се смета како последица на последната војна, за којашто најрадо не би се зборувало повеќе.

Но оваа широко распространета самоувереност во земјата во однос на пристапот кон Европската унија исто така е резултат и на дадените ветувања од врвот во Брисел.“ пишува Ноје Цирхер цајтунг, згора на тоа продолжува весникот   

„Во крајбрежниот град Дубровник, на крајот на јуни редица европски шефови на влади и министри за надворешни работи му дадоа уверување на галантниот и надарен за јазици домаќин, премиерот Санадер, дека Хрватска ќе ја постигне зацртаната цел за членство во ЕУ. Но во таа пригода дадените ветувања не се во состојба да предизвикаат лажна слика за тоа дека во моментот сигурна прогноза за Хрватска не е можна.“ смета Ноје Цирхер цајтунг и анализира

„Намерата за брз прием на Хрватска има двојна политичка основа. Прво тоа е притсокот на странските инвеститори, во случјаот на Хрватска тоа се пред се’ австриските, германските и словенечките фирми. Тие имаа голем интерес за брз прием на Хрватска. И второ стратешклите размислувања за скорешен прием на Хрватска  водата во таа насока, што земјата би можела да ги повлече и останатите држави од западен Балкан, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Македонија. Засега само Македонија има добиено кандидатски статус.“ пишува Ноје Цирхер цајтунг и заклучува

„Европските поборници на оваа стратегија укажуваат на тоа дека земјите од западен Балкан кои би требало да се примат, не бројат повеќе жители отколу новата земја членка на ЕУ Романија нешто повеќе од 20 милиони. Понатаму, во забрзаната европска интеграција гледат идеална можност за политичка стабилизација  и долгорочно смирување на регионот. Во овој контекст се укажува на Србија, чија нова, наводно про европски настроена влада во контекст на перспективите за прием би била повеќе подготвена да се предомисли во однос на Косовското прашање.“ пишува весникот на крајот забележувајќи дека Хрвтска сепак го добила кандидатскиот статус откако претходно ги подмирила сите случаи со Хашкиот трибунал. 

 
 
Share this article

FeedbackИспратиПечати

Други теми