Европа | 18.07.2008
Оставката на Летерм одбиена
Белгискиот крал Алберт Втори не ја прифати оставката на премиерот Ив Летерм. Побара од тројца водечки политичари во земјата да пронајдат излез од новата политичка криза во земјата.
Ив Летерм засега останува премиер на Белгија. Кралот Алберт Втори го одби барањето за оставка на фламанскиот премиер. Веста објавена синоќа не беше сосем неочекувана. Имено, претходно веќе се појавија знаци дека монархот и натаму има доверба во премиерот. Ив Летерм и неговата влада би требало да продолжат со економската и социјална програма за којашто веќе се спогодија петте коалициони партии.
Владината криза привремено смирена
Покрај ова Кралот Алберт повика на формирање на така наречен Совет на мудреци. Тројца политичари ќе треба да го придивижат дијалогот за спроведување државна реформа. Таа е најголемата спорна точка во земјата околу којашто се кршат копјата меѓу Фламанците и Валонците, и впрочем ја предизвика и последната владина криза. Имено регионот Фландрија бара поголема самостојноат, барање кое досега постојано се одбива од страна на Валонците. Со одлука на кралот Алберт Втори и неговите советници, владината криза засега е смирена. Проблемите со ова сеуште не се решение, но воочи националниот празник, в понеделник, политичките разлики би требало привремено да се надминат.










