1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици


 

Наука  | 22.07.2008

2 милиони деца и млади луѓе во Германија се дебели

Погрешната исхрана, брзата храна или готовите јадења се најчестата причина поради која децата страдаат од прекумерна тежина

Освен тоа новите медиуми и техники како играњето компјутер се многу поинтересни за младите отколку спортувањето или играњето на улица. Здружението за потпомагање на психомоториката кај децата во Бон во соработка со стучни лица одговорни за правилна исхрана развија концепт како да им се помогне на овие млади луѓе.

 

„Јас бев три години во Америка. Таму многу се здебелив, бидејќи на секое ќоше имаше по некој Мекдоналдс или некој друг ресторан за брза храна. Притоа не внимавав на исхраната. Сега сум многу послаб, и во школо не ме задеваат повеќе поради мојот изглед, освен тоа сега се хранам многу поздраво отколку порано. „-вели 12 годишниот Том.

 

Мора да се храниш здраво и повеќе да се движиш

 

Поради новите техники и копмпјутери децата играат се’ помалку на улицаBildunterschrift: Поради новите техники и копмпјутери децата играат се’ помалку на улица

 

Момчето со темна коса, кое го носи дресот на германскиот национален фудбалски тим игра со уште други пет деца во поранешнниот затворен базен во Бон-Дуиздорф. Подот во просторијата е комплетно обложен со душеци. Од таванот висат лулашки. Во халата има уште трамболина, гумен замок за скокање и базен наполнет со сунгери. Беснеење, трчање и скокање - за многу деца тоа денес не е секојдневие. Сите деца во халата, како и Том, имаат прекумерна тежина и малку се движат. Тие заедно мораа одново да го откријат задоволството за спортување. Притоа им помага Биргит Ханеман:

 

„Овде не се работи за тоа да ги броиме калориите, туку еден сосема важен аспект е децата да стекнат самодоверба. Дури и мало зголемување на килограмите кај нив допринесува за помалку движење и спортување.„

Биргит Ханеман е раководител на проектот М.

 

„М„ е еден од малкуте специјално конципирани програми за дебели деца во Германија

 

Во земјата долго време беше игнориран трендот за нездрава исхрана што водеше кон прекумерна тежина. Во меѓувреме околу 15 проценти од децата и младите во Германија страдаат од прекумерна тежина.

 

„Мислам дека главната причина се наоѓа во општествените услови. Работењето со интернет или слични медиуми стана толку атрактивно и важно, што дури и децата мораат постојано да бидат присутни за да бидат соодветно информирани. Тоа одзема толку многу часови од денот, што порано децата ги користеа за играње."

 

Според програмата на проектот М децата треба да се движат што повеќе и да го сменат начинот на исхрана. Кај 14-ет годишната Мона тоа добро функционираше. Со помош на проектот таа минатата година успеа да намали 11 килограми:

 

„Сега спортувам повеќе и се хранам поздраво. Односно, јадам работи кои сорджат помалку шеќер.„

 

Природната и здрава храна е добра за секогоBildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:  Природната и здрава храна е добра за секого

Во спортската хала Том, Мона и друите деца скокаат на трамболината, од неа во базенот со сунгери, кога ке им стане досадно Бигит Ханеман смилсува нови игри. Децата прават се, се изморуваат, стануваат се повешти и поснаодливи и тоа им причинува задоволство. Во едно нешто сите деца се единствени:

дека навистина беше крајно време нешто да се промени. Тие не сакаат да станат дебели возрасни луѓе.

 

Кристина Маер

 
Share this article

FeedbackИспратиПечати

Други теми



 

DW-TV EUROPE live

Im Focus - Traumjob in den Dünen

Фотографија на денот
ImageOfTheDay