1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици


 

Печат | 22.07.2008

Подобро јасни зборови за Украина отколку празна дипломатска учтивост

Посетата на германската канцеларка Ангела Меркел на Киев и пораките што ги испрати во контекст на желбите на Украина за влез во Европската унија и НАТО, се тема на коментарите во весниците.

За посетата на германската канцеларка Ангела Меркел на Киев, весникот Зиддојче цајтунг пишува „Меркел мораше што е можно по дипломатски, но истовремено сосем јасно да објасни дека Германија во догледно време одбива прием на Украина во квалификационата програма на НАТО и посакува само споро, неформално приближување кон ЕУ. Германија мора да задоволи многу различни интереси, но не смее да ги загуби германските од пред очи. Украина е важна за енергетското снабдување на Европа. Политичка криза во земјата, секогаш има реперкусии на соседните земји на ЕУ. Тешката економска позиција, 30 проценти инфлација, корупција, и фактот што индустриските конголомерати и натаму се во рацете на олигархијата ги спречуваат германските инвестиции. Пред се’, Меркел многу добро знае дека секоја реченица во Киев многу добро се слуша во Моксва. Но резултат од ова патување мора да биде и да не се молчи пред Русија“ смета Зиддојче цајтунг.


Весникот Везер куриер од Бремен со поглед на односите кон Москва пишува „Контрола на нуклаерното вооружување или одбрана од тероризам без или против Кремљ веќе не може да се остварат. Последното, што му е потребно на НАТО е член со долга граница и напнати односи со Русија. Јасните зборови на Меркел во Киев имаат свој адресат и во Вашингтон. Не тоа не е попуштање во однос на Москва. Но канцеларката одлучно ја става ногата на кочница, за новата источна политика на ЕУ и НАТО поради пребрзо темпо да не излета од кривна. Тое е добро така.“ пишува Весер Куриер.

Меркише одерцајтунг од Фрнкфурт на Одра, за истата тема пишува „Првата посета на Меркел на Киев беше еден вид утеха, во смисла: Да ние не ги заборавивме вашите желби за пристап кон ЕУ и НАТО, но во тој облик нема да ги исполниме. Наместо ова, канцеларката со себе носеше понуда за асоцијација на Киев со ЕУ. Факт е дека постојат пречки за целосен прием во двата сојуза. Во случајот на Северно атланската алијанса во преден план е спорот којшто би се отворил со Русија доколку Украина биде примена. Што се однесува до ЕУ, заедицата од 27 држави уште сега има доволно проблеми, за да си нарами уште една држава со мало демократско искуство и многу корупција.“ предупредува Меркише одерцајтунг

Франкфуртер алгмајне цајтунг смета дека ставот на канцеларката е исправен „Украина со овие јасни најави е на многу подобар пат, отколку со празни дипломатски учтивости, со кои се кашира истоиот став. За германската позиција говори внатрешната ситуација во ЕУ како и внатрешната ситуација во Украина. Уште една земја од теркот на Романија и Бугарија, - што воедно е поголема од овие две заедно, зедницата којашто и натаму е преокупирана да воспостави нови правила на игра преку Лисабонскиот договор, нема да може да поднесе.“ смета Франкфуртер алгемајне цајтунг.

 
 
Share this article

FeedbackИспратиПечати

Други теми



 
Фотографија на денот
ImageOfTheDay

DW-TV EUROPE live

CLIPMANIA - Die Themen der nächsten Sendung