1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици


 

Балкан  | 04.08.2008

Договор со Караџиќ

Поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, 13 години беше баран поради воени злосторства. Според српските медиуми, во 2000-та година тој склучил договор со САД, со што бил заштитен од гонењето

Српкиот весник „Курир“ пишува дека Радован Караџиќ до 2000 година бил под заштита на САД. Како доказ за тврдењето, белградсскиот весник објави фотографија, на која се гледа цитираниот договор меѓу Караџиќ и американскиот преговарач Ричард Холбрук. Документ според кој САД се обврзале на Караџиќ да му платат 600 илјади долари, да му обезбедат куќа и телохранители, а за возврат тој да се повлече целосно од политичкиот живот.

Караџиќ прв го прекршил договорот

Договорот бил постигнат и потпишан во 1996 година, тврди весникот, а неговите информации ги презедоа и други српски весници, од своја страна додавајќи дополнителни пикантерии.

Кога американската тајна служба ЦИА открила дека Караџиќ работи  спротивно на договорот,  не се чувствувала веќе обврзана да се држи ни самата до него, пишува белградски „Блиц“. ЦИА со прислушување на телефонски разговор открила дека Караџиќ и натаму ја водел својата партија.

Така неформалната заштита, која го штитела Караџиќ и од француските и британските тајни служби, престанала во 2000-та година.

Неколку потврди за постоење дил меѓу Караџиќ и ЦИА

Ричард Холбрук негира дека склучил ваков договор со Караџиќ. Белградскиот печат пак цитира меѓу другото и анонимен извор од американската тајна служба: Не сум сигурен дали постои пишан документ, но знам од друга страна дека Холбрук даде усмени гаранции за Караџиќ, изјавил анонимниот извор.

Во ист правец е и изјавата на поранешниот министер на босанските Срби, Алекса Буха. За едно белградско радио тој потврди дека имало договор меѓу Караџиќ и САД. Ричард Холбрук лично на Буха му ветил дека Караџиќ нема да стигне пред Трибуналот за воени злосторства, ако се придржува кон договорот и не се активира политички.

Ова ветување Холбрук го дал ноќта спроти 19 јули 1996 година за време на една средба во Белград на која присуствувале и тогашниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ, министерот за надворешни работи Милан Милутиновиќ и поранешниот претседател на парламентот на босанските Срби, Момчило Крајишник.









 

Хенрик Јарчик

 
Share this article

FeedbackИспратиПечати

Други теми