1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици


 

Панорама  | 05.08.2008

Ниту „б“ од туристичкиот бум во Кина

Пекинг вложи милијарди во нови подземни железници, стадиони и зелени површини. Но, со приближувањето на почетокот на игрите станува појасно: проценките не биле точни. Не може да се зборува за олимписки турустички бум.

Кога комитетот за организирање на ОИ свикува прес-конференција, вообичаено се очекува да објави уште некое големо достигнување. Но не и кога се работи за олимпискиот туризам. Заменик-директорката на пекингшкото туристичко биро Ксионг Јумеи ги изнесе следниве резултати:

 

„Резервирањето соби во хотелите оди бавно и стабилно. Капацитетите на хотелите со 5 ѕвездички во мај беа пополнети до 77%, во јуни процентот се зголеми за половина. Тоа е под нашите очекувања. Сметаме на 450.000 туристи, кои би требало да донесат добивка од 400 милиони долари.

 

Поевтините хотели, пак, не се пополнети ниту до половина и преминаа кон намалување на цените. А за гости не се борат само кинеските хотелски синџири, туку и поевтините интернационални имиња. На пример, според интернет страницата на хотелот Ибис, соба за двајца чини 80 евра. Знак дека нема ни трага од најавуваниот олимписки бум. Ова мислење го дели и Мартин Боц, сосопственик на шангајската туристичка агенција Лест Фронтиерс.

 

„И од разговорите со нашите партнери од Пекинг се забележува дека нема доволно посетители, а се работи за кинески агенции. Истото го велат и големите агенции кои организираат патувања кон Кина, дека оваа година има пад од 30 до 50 проценти“.

 

За време на Олимпијадата 900 евра, потоа - 200

 

Пред Олимпијадата, цените на хотелските соби во Кина астрономски се зголемија. Хотелите бараа 50 до 80 % повеќе отколку вообичаено, вели еден германски туристички работник. На пример, Гранд Хајат. Од резервациите преку интернет може да се забележи дека двојна соба за време на Олимпијадата чини 900 евра, веднаш по завршувањето – само 200 евра. Пред почнувањето на Игрите порасна и изградбата на хотели.

 

За време на Олимпијадата, луксузна соба во Хајат чини 700 евра повеќеBildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:  За време на Олимпијадата, луксузна соба во Хајат чини 700 евра повеќе

„Според нашата статистика, пред ОИ пуштени се во употреба 30 нови хотели, од кои 14 се со пет ѕвездички.

 

Во Германија влезниците за Олимпијадата се нудат преку фирмата Дертур. Компанијата од Франкфурт пред неколку недели изјави дека се задоволни и дека сите влезници биле продадени. Но, оние што испланирале патување во Кина и покрај тоа сакаат да ги следат и Игрите, мораат да се откажат од дел од турнејата низ Кина, вели Мартин Боц.

 

„Од сопствено искуство можам да кажам дека имаме туристи кои планирале да направат турнеја низ Кина за време на ОИ, но кога ќе ги видат понудите и цените, сепак се премислуваат“.

 

И политиката влијае на цените

 

Не смее да се заборави ниту влијанието на политиката, смета Курт Убакс, портпарол на туристичката агенција Кина Турс од Хамбург.

 

„Порастот на цените во Пекинг не се должи само на ОИ. Во пролетта изби и конфликтот со Тибет, а исто така имаше и земјотрес. Сето тоа придонесува бизнисот да не оди добро годинава“.

 

Кон неочекувано малиот број на туристи доведоа и построгите правила за издавање виза, вели претседателот на Европската трговска комора во Пекинг, Јирг Вутке.

 

„Мислам дека на крај сепак во Кина ќе има помалку гости и градот што се подготви за прослава, нема да има луѓе гости кои ќе можат да уживаат во него и  неговата неверојатна култура“.

 

 

Астрид Фрајзен

 
Share this article

FeedbackИспратиПечати

Други теми



 

DW-TV EUROPE live

Journal (english) - With Interview