1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици

 
 
 

 

Наука  | 21.08.2008

Нервозни родители – хиперактивни деца

Истражувањето извршено на Универзитетот Мериленд покажа дека родителите на хиперактивните деца и самите се во опасност од различни пореметувања. Тие најчесто манифестираат анксиозност, депресија...

Родителите на децата со изразена хиперактивност, пореметување кое настанува како последица на одсуство на доволно внимание на околината и посебно на родителите, треба и самите да се консултираат со психијатри или невролози. Тие исто така се изложени на ризикот и самите са станат хиперактивни или да почнат да страдаат од пореметување во учењето, памтењето или некои други болести, соопштија американски истражувачи.

 

Генетска пореметеност

Истражувањето извршено на Универзитетот Мериленд покажа дека родителите на децата кај кои е дијагностицирана хиперактивност 24 пати повеќе се изложени на ова пореметување отколку децата без ова пореметување.

 

„Иако за хиперактивност постои генетска предодреденост, утврдено е дека сепак не заболуваат сите родители на деца со пореметувањето„, изјави неврологот Д-р Андреа Хронис  која раководеше со истражувањето.

 

„Сите лекувања и терапии на деца се многу помалку ефикасни доколку и родителите имаат проблеми„-нагласи Хронис. „За несреќа, кога родителите имаат психолошки проблеми, тие се помалку способни животното опкружување на детето да го прилагодат на начин на кој на детето ќе му пружат оптимални услови за развој.

 

Битна е средината во која детето расте

 

Поради тоа, велат истражувачите, неопходно е да се истражи и средината во која детето расте и  се идентификува и, ако е потребно, да се  третираат проблемите на родителите кои можат да влијаат на лекувањето на детето.

 

Проблемите на родителите влијаат врз децатаBildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:  Проблемите на родителите влијаат врз децата

Научниот тим на докторката Хронис го следеше однесувањето на 200 деца кај кои е дијагностицирана хиперактивност на универзитетските  клиники во Чикаго и во Питсбург. Однесувањето на децата со хиперактивност е следен од 1995 година но, во исто време е контролирано и  дали родителите страдаат од депресија.

 

Утврдено е дека родителите на претшколски деца со хиперактивност, кои и самите имаат проблеми во однесувањето, особено агресивност, два до петпати почесто

имаат ментални проблеми како што се

анксиозност, депресија и користење на дроги.

 

Симптомите на хиперактивност често се мешаат со симптомите на некои други ментални однесувања-предупреди Д-р Хронис во извештајот објавен во Списанието на американската академија за деца и адолесцентна психијатрија.

 

 

 
 
Share this article

FeedbackИспратиПечати

Други теми