1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици

 
 
 

 

Европа  | 21.08.2008

Прашка пролет - почеток на крајот?!

Ноќта меѓу 20 и 21 август 1968, војниците од државите на Варшавскиот пакт вмаршираа во Чехословачка и насилно му ставија крај на политичкиот реформски процес, којшто во Чехословачка почна неколку месеци претходно.

Прашката пролет почна всушност во зима. На 5 јануари 1968 година Александер Дубчек дојде на чело на Комунистичката партија на Чехословачка, откако неговиот претходник Антон Новотни, неможеше повеќе да воспостави контрола, бидејќи студентите и интелектуалците летото 1967 година почнаа да протеситраат против неговата политика.

Недоверба за реформските процеси

Дубчек не сакаше да го укине социјалзмот, но сакаше да го либерализира и почна да се залага за слобода на печатот, право за слободно собирање, слобода за патување, економски реформи. Овие планови беа собрани во акциона програма којашто беше усвоена на 5 април 1968 година. Но сојузничките комунистички држави  на Варшавскиот пакт реагираа со недоверба. Тие  вршеа притисок.

Кон средината на јуни во Чехословачка се оддржа воена вежба на државите на Варшавскиот пакт. Маневрот од поодамна планиран да се оддржи на крајот на годината, Советскиот сојуз бараше да се оддржи порано. Владата во Прага се согласни и нагласуви дека и покрај сите реформи таа останува член на Варшавскиот пакт.

„Манифест на 2000 зборови“

Демонстрации во центарот на Прага Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:  Демонстрации во центарот на Прага Но реформискиот курс разви сопствена динамика. Проминенти интелектуалци, научници и спортисти на 27 јуни објавија „Манифест на 2000 зборови“. Во него тие го критикуваат комунистичкиот систем, со погрдни зборови ја навредуваат  комунистичката партија, како некомпетентна и ја обвинуваа за корупција.

Советскииот сојуз сметаше пак, дека комунистичката партија во Прага ја губи контролата. Кон средината на јули беше испртено предупредување до владата во Прага во кое се велеше дека нема да се прифати, доколку Чехословачка се оддели од социјалистичката заедница. Владата во Прага ги отфрли обвинувањата, но не го сопре реформскиот процес.

Вооружена интервенција во Прага

Кратко време потоа Советскиот сојуз почна да спроведува манвери на гранцата со Чехословачка. До 20 август владата во Прага се обидуваше да ги искористи сите дипломатски можности - залудно. На 20 август 1968 година трупите на Советскиот сојуз, Полска, ДДР, Унгарија и Бугарија ги пречекоруваат границите на Чехолсовачката Социјалистичка Република.

Алекандар ДубчекBildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:  Алекандар Дубчек„Вооружената интервенција целосно ги изненади реформистите комунисти. “ - „Стотици граѓани како жив штит ги попречуваат влезовите кон куќата. Повици по Дубчек....“  - „Групи млади со отворени камиони се возат низ Прага и покажуаваат знаме потопено од крв. Изгледа дека интерниранот паритски секретар Дубчек и партиското раководство како во секој случај да скааат да одбегнат улични борби.“ - „Демонстрантите протестираат со тоа што скокаат на советските тенкови  и поставуваат чехословачки знамиња.“

Александар Дубчек и неговите политичари реформисти  беа упасени  и на крајот на август во Москва потпишаа протокол, во кој се обврзуваат покрај друготото да ги повлечат реформите, повторно да ја воведат цензурата  и да прифата стационирање на советски трупи во Чехословачка. Прашката пролет заврши.

 

Марлис Шаум

 
Share this article

FeedbackИспратиПечати

Други теми