1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици

 
 
 

 

Уметност  | 22.08.2008

„Македонија е земја на големи поети“

Во Струга се отворени Струшките вечери на поезијата, 47-ми по ред. Годинешниот лауреат, Фатос Арапи, тврди дека во Македонија се ценат поетите. Сите поетски патишта во наредните денови ќе водат кон Струга.

По официјалното отворање на Струшките вечери на поезијата, на првиот фестивалски ден, ќе биде одржана  и традиционалната „Ноќ без интерпункција“ , за претставување на младата хрватска поетеса Антонија Новаковиќ, која ја доби Наградата на УНЕСКО „Мостовите на Струга“ за најдобар млад поет.

Меѓу настаните на Струшките вечери на поезијата се и симпозиумот „Јазикот, поезијата, идентитетот“, чествување на 100-годишнината од раѓањето на Кочо Рацин, претставување на книгата „Среде“ на Ристо Лазаров, кој ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ за 2008 година, поетско читање во предворјето на црквата „Св. Богородица“ во Калишта, излет на учесниците во Св. Наум и меѓународен поетски митинг „Мостови“,  на кој ќе биде врачен Златниот венец и другите награди за оваа година и ќе биде затворен фестивалот.

Традиционалната Вечер на национална поезија оваа година е посветена на Украина, така што ќе биде промовиран избор на современата украинска поезија. Ќе бидат претставени и фестивалските  изданија - книгата поезија на венценосецот Арапи, поетските книги од едицијата „Плејади“, избор македонска поезија „Песна меѓу две лета“.

По завршувањето на СВП, в понеделник поетите ќе учествуваат на манифестацијата „Поезија на пат“ и ќе посетат други градови на Македонија.

 

 
 
Share this article

FeedbackИспратиПечати

Други теми