Уметност | 25.08.2008
Нема фестивал како Струшкиот
Во Струга завршија 47 –те Струшки вечери на поезијата . Меѓу 100 –та поети од околу 50 земји беа и двајца германски поети, веќе осведочените пријатели на Македонија – лиричарите Урсула Хас и Матијас Бронш.
„Трет пат сум во Македонија, и многу ја сакам.Тука последeн пат бев пред 8 години. Мнoгу се радувам што пак сум овде.На почетокот не знаев ништо за Балканот и се плашев. Но, тука најдов срце и разум. Сега пишувам песни за Македонија“, вели Урсула Хас.
Поетесата Хас е слободен автор – лиричар. Нејзината поезија е преведувана на повеќе јазици и наградувана. „Планина што пее и вода со голема душа“,така поетски Хас го опишува езерото.Таа за својата поезија вели: „Ги спојувам љубовта и природата. Ако пишувам за музичари, пишувам по нарачка. Сега на пример правам либрето за еден баритон и пишувам за патувањата.“
Најпозната опера врз која работела е Медеја. Таа била изведувана во Берн, Хамбург и најголем успех имала во Париз.
Струшките вечери заслужуваат Нобелова награда за мир
„Имам желба СВП да добијат Нобелова награда за мир, бидејќи група луѓе многу прави за поезијата и обединување на поетите во светот,“ додава Хас.
Германскиот поет Матијас Брониш студирал историја на уметност, археологија и книжевност. За Струшките вечери, вели:
„ Да, има фестивали по светот, јас на пример бев во Романија на еден фестивал, ги има и во Германија, ама не најдов фестивал току голем како струшкиот.“
Во 70 –те години од минатиот век Бронш, работеше пет години на Скопскиот универзитет. Тој објаснува , зошто во 1978 година Македонија го одликува со наградата „Григор Прличев“:
„ Направив превод од македонската литетартура и раскази и модерна македонска лирика и една книга – поезија од Блаже Конески, Многу го сакам Конески како автор.
Докажан пријател на Македонија
Во секоја пригода ја поддржувам македонската литература,“вели Бронш.
„На посета ни беа македонски писатели и поети во Германија.Јас секогаш кога добивам можност постојано зборувам за македонската лирика“.
А виното и поетите се неразделни.На пикникот во Свети Наум ќе се избира најубавата песна за виното:
„Секако, македонско вино Кратошија, црно вино. Уште повеќе ја сакам комовата ракија и јадењата.Најчесто сарма и јагнешко.“
Бронш објавува преводи на лирика и проза од македонски јазик и издава свои дела во Романија и Македонија. И обајцата велат:„ Се додека сме живи ќе мислиме на Македонија“.










