1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици

 
 
 

 

ЕУ-Македонија  | 11.09.2008

Шеќеринска: „Евроатлантската агенда е во ќорсокак“

Интервју за евроинтеграциите на Македонија со Радмила Шеќеринска (СДСМ), претседател на Советот за евроинтеграции. Разговорот го водеше Александар Чомовски.

Поради можно вето од Грција се доведува во прашање и европската агенда на Македонија. Но, премиерот јасно кажа дека земјата треба да се подготвува за некаква фаза на самоодржливост. Како го коментирате тоа?

Шеќеринска: „Ако премиерот смета дека во следните четири години Македонија нема да мрдне напред во поглед на членството во ЕУ или НАТО, би очекувала од секој сериозен политичар, ако ништо друго, веднаш да организира дебата во институциите на државата и да каже - ова е мојот алтернативен план. За жал, дебатата по овие прашања се води исклучиво преку медиумите, а се избегнува каква било анализа, сериозна одговорна анализа во собранието или на некој друг форум. Сметам дека се работи за серија паушални, но многу опасни изјави кои ја отсликуваат Македонија во многу лошо светло, а од друга страна ги загрижуваат македонските граѓани. Македонија, се разбира, мора да работи на сопствената економија, на стабилни меѓуетнички односи, на добра политика, но тоа не да значи дека треба да се откажеме од ЕУ и НАТО. Премиерот во својата изјава, сметам дека направи многу некоректен гест кон македонската јавност и кон Европската комисија. Ова не ни‘ е прв извештај кој што го добиваме од Комисијата па да глумиме наивност. Од 2001 година, годишно добивавме извештаи кои ги подготвувала ЕК. Некои ни‘ се допаѓале помалку некои повеќе, но досега не се случило ниту еден политичар, вклучително и Груевски кога беше во опозиција, да ја довел во прашање објективноста на оваа анализа. “

Она што повеќе или помалку загрижува од Брисел се најавите и гласините дека е зможно Македонија повторно да биде ставена под мониторинг.

Шеќеринска: „Веќе зборуваат за тоа дали Македонија има демократски капацитет, дали знаеме да разговараме власт и опозиција, дали знаеме да организираме фер избори, дали сакаме да бидеме дел од ЕУ. Мислам дека ова сега е огромен сомнеж кој се создаде во сите европски институции. Затоа, во Советот на Европа имаше дури и предлози Македонија повторно да биде ставена под мониторинг, што пак е несфатливо за една држава која веќе е кандидат или сака да почне преговори.“

Интелектуалците молчат, нема дијалог власт - опозиција,  експресно се носат закони кои што треба да бидат реално опипливи за граѓаните.

Шеќеринска: „Власта мисли дека собранието е добро ако гласа 50 закони за 5 часа. Власта се навикна да живее во едноумие и таа ќе продолжи со сите инструменти, сите пари, сите дозволени и недозволени средства, тој свој меден месец да си го продолжува на неодредено време. На секоја критика власта одговара дека тоа се таму некои криминалци кои што не сакаат да биде успешна борбата против корупцијата. Па видете, тоа е реторика која што ја користел Хитлер, ја користел Милошевиќ и уште неколку други диктатори. Не може сметката за некорумпирана држава да ја платат граѓаните кои ќе мораат само да молчат и нема да смеат ништо да кажат против власта. И да не се изненадиме што извештаите кои што ќе доаѓаат за Македонија и на ова поле ќе бидат загрижувачки. Интелектуалците говорат, меѓутоа притисокот врз нив се зголемува, медиумите критикуваат, ама притисоците од време на време што со пари, што со закани - растат.  “

Власта честопати знае да каже дека опозицијата нема став како да се реши спорот со името?

Шеќеринска: „Зошто тогаш власта по секоја цена избегнува да има каква било дебата за ова прашање во собранието? Во овие преговори мораме да ги дефинираме нашите приоритети. Ако велиме дека наш приоритет е членството во НАТО и ЕУ, кој ќе даде подобра економска и политичка перспектива на македонските граѓани, ние, јавноста, сме целосно зашеметени од различните изјави кои ги слушаме во изминативе три, четири месеци. Пред неколку недели слушнавме дека премиерот повторно се враќа на двојната формула. Секој кој присуствувал на најобични преговори, знае дека во еден момент кога ќе напуштиш една позиција, а тоа во еден момент била двојната формула, потоа нема враќање назад. Или, со тоа ќе им дадеш до знаење на Метју Нимиц, Грција, САД и Европа, дека всушност преговорите ги водиш така за да бидат неуспешни.“

Дали мислите дека евроатлантската агенда се напушта?

Шеќеринска: „Веќе сум убедена дека евроатлантската агенда на Македонија, е ставена во ќорсокак. Не направивме ниту еден чекор напред. Како што бевме, така останавме. Во 2006 година, бевме кандидат за членство во ЕУ, денеска сме само кандидат, со една огромна разлика. Тогаш бевме кандидат неколку чекори пред останатите на Балканот, ценет, уважуван, истакнуван како позитивен пример. Денеска сме земја, на која, како што велеа некои европски пратеници, да можевме да ви го земеме кандидатскиот статус, би ни‘ го зеле. “

Дали имате впечаток дека внатрешно-етничките односи може да се комплицираат поради проблемите кои се јавуваат на евроатлантскиот пат?

Шеќеринска: „Македонија долго време тврдеше дека ќе ја чува и ќе ја гради својата меѓуетничка стабилност, со тоа што на сите свои граѓани ќе им даде перспектива. Таа се нарекува ЕУ, НАТО, патување без визи, подобра економија, заради политичката стабилност и заради европските можности. Кога ќе го загубиме овој морков од рака, многу полесно ќе им дадеме шанса на радикалите, да ловат во матно и да заговараат некои други сценарија. Замислете, се` повеќе читам дека етничките Албанци во Македонија велат - зошто да имам македонски пасош, кога со албанскиот, ќе можам побрзо и полесно да патувам надвор од државата?! Исто како што многу наши сограѓани веќе одамна земаа бугарски пасош, за да им се олесни животот, за да можат да студираат, да патуваат, да можат да работат. Национализмот, патриотизмот, битката за својата држава, не се води со пароли на преполни плоштади. Патриотизмот е да му понудите на својот народ, на своите граѓани, шанса за подобро утре. Ако таа шанса не постои, секакви сценарија во Македонија, за жал, стануваат можни. “

 

 

Александар Чомовски

 
Share this article

FeedbackИспратиПечати

Други теми



 
Фотографија на денот
ImageOfTheDay

DW-TV EUROPE live

Journal (english) - With Business