1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици


 

Млади 21  | 07.10.2008

Поло на велосипед - нов тренд во Лондон

Играта поло на велосипед наликува на класичното поло, само наместо коњи за неа се употребуваат велосипеди. Во Лондон на сцена стапува нова варијанта од играта поло на велосипед, а тоа е: градски поло на велосипед.

Се повеќе луѓе во Лондон го одбегнуваат сообраќајниот метеж и како превоз употребуваат велосипед. Тоа од една страна ја заштитува климата, од друга луѓето заштедуваат пари. Но велосипедот не е во тренд само од практични причини, во главниот град на Велика Бртанија во мода е и играта градски поло на велосипед. Toe e групна игра, која го привлекува интересот на младите.

Со палка и волан во рака

Класично поло - коњите сега се заменуваат со велосипедBildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:  Класично поло - коњите сега се заменуваат со велосипед Младите се собираат во арена на југо-исток на Лондон. Зградата каде тренираат играчите на поло изгледа како паркиралиште или кино комплекс. Таму младите играат поло на велосипед. Тоа е играта поло, но наместо на коњ се игра со велосипеди.

Велосипедистите успеваат со една рака да го држат воланот, а во другата палката за играње поло. Тие се лизгаат по асфалтот, го вртат велосипедот, без воопшто да ја допрат земјата со нозете.

Но ова функционира само затоа што велосипедите се прилагодени за играње поло: рамката, запчаникот и воланот на велосипедите се специјални. Важно е велосипедот да нема празен од, или кажано со стручен жаргон „фиксид гер“.

Ден е еден од младите во Лондон, кои играат поло на велосипед, тој вака го објаснува концептот на играта „Секој може да дојде со својот велосипед и да игра. Едноставно е, топката мора да влезе во голот, тоа е се’. Правилата на традиционалната поло игра со коњи не ги знам, но правилата за поло на велосипед се едноставни.“

Игра за момчиња?

На игралиштето има само неколку девојки - поло на велосипед не е многу нежна игра, честопати се случува за време на играта младите да се удрат со палките, да паднат на земја .... „Играм само понекогаш. Момчињата редовно тренираат и затоа се подобри. Јас сеуште често паѓам од велосипедот.“

Ејми, една друга девојка која е на игралиштето, има специјален велоспид. Воланот е во златна боја и свети. На велосипедот има монтирано специјални фелни и зелена рамка што свети. Иако нејзиниот велосипед изгледа многу професионално, таа сеуште не го владее овој спорт  „Возбудена сум. Но обожавам да возам велосипед. Кога играм поло на велосипед  можам да правам нешто заедно со пријателите: да ја шутирам топката, да се обидам на направам неколку трикови и да паѓам од велосипед.“

Ејми игра повеќе од една година поло на велосипед. Таа смета дека младите се повеќе ќе ја откриваат оваа спортска дисциплина, затоа отвори дури и продавница за велосипеди, специјално изработени за поло играта.

 
 
Share this article

FeedbackИспратиПечати

Други теми