Млади 21 | 13.10.2008
Еко-диско
Колку полуда забава, толку поеколошка. Во холандското еко – диско „Ват“, танчерите произведуваат струја, што се користи за осветлување на клубот, а готвачите приготвуваат храна од производи одгледани во соседството.
На прв поглед клубот „Ват“, во центaрот на Ротердам, изгледа како секое друго диско: техно музика, рефлектори во различни бои, диск џокеј на пултот и уморни танчери во барот. Во средината на темната просторија е сместен подиумот за танцување. Токму тој е посебноста на клубот, затоа што од подот свети црвена, сина и зелена светлина добиена по еколошки пат.
Дан Росенгаарде, кој ја откри играта со бои вели: „Кога ќе почнам да танцувам, тогаш заживува и подот. Колку повеќе танцувам, толку поинтензивни се боите на подот.“
Струја од сопствено производство
На тој начин, посетителите на клубот самите произведуваат струја. 86-те правоаголни плочи, што се наоѓаат на подот се придвижуваат кога ќе се стапне на нив. Овие движења се префрлуваат на генератор, кој што енергијата ја претвора во струја. Секоја плоча може да произведува и до 20 вати струја. Енергијата потоа се користи за осветлување на диското: „Пресметавме дека годишно може да заштедиме 117.000 вати. На тој начин ќе потрошиме 30 проценти помалку струја отколку другите дискотеки, односно 102.000 килограми јаглерод диоскид помалку на годишно ниво. Се чини дека е малку, но посетителите кај нас трошат помалку отколку што би
Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: потрошиле дома гледајќи филм“, појаснува Михаил Шмит, еден од основачите на клубот „Ват“. Тој сака концептот да го тестира во Ротердам, а потоа да го продава во целиот свет.
Европските земји и Австралија веќе се интересираат за еко клубот
„Сакаме да покажеме, дека може да се забавуваме и да ја заштитиме животната средина“, вели диџејот Тед Лангенбах, кој е одговорен и за културната програма во клубот.
Еко диското не значи само заштеда на струја и јаглерод диоксид, туку и помалку отпадоци и помала потрошувачка на вода. Во тоалетите во клубот „Ват“ се користи
Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: дождовна вода. На тој начин, треба да се заштедат повеќе од 4 милиони литри вода.
Дури и во ресторан на клубот се размислува еколошки
Шефот на кујната во диско клубот, Минје Фердонер, вели: „Се обидуваме да користиме сезонски производи. 99 проценти од прехранбените производи кои ги употребуваме се биолошки. Производите не ги транспортитраме од далеку. Кориситме рукола салата што се одгледува во соседството.“
Дали концептот навистина ќе успее, ќе покажат наредните месеци. Посетителите досега се воодушевени, како што вели и 21 годишниот Рууд: „Навистина многу излегувам, и во Амстердам и други градови. Овде е одлично. Супер е, сопствената енергија станува видлива. Важно е луѓето да забележат, колку енергија трошат додека се забавуваат.“










