| 09.05.2008 | 09:00 UTC
Ескалира ситуацијата во Либан
Ситуацијата во Либан се заострува. Во жестоките борби меѓу вооруженото крило на радикалниот Хезболах и владините сили загинаа најмалку единаесет лица, а околу триесет се повредени. Хезболах во меѓувреме го ставил под контрола поголемиот дел на главниот град Бејрут. Немирите кои во меѓувреме се проширија и во други делови од земјата, беа предизвикани од одлуката на владата да ја исклучи приватната телефонска мрежа на Хезболах. Советот за безбедност на ОН ги повика сите страни во Либан на смирување на ситуацијата и воздржаност и апелираше на продолжување на политичкиот дијалог.










