Вести | 09.05.2008 | 09:00 UTC
Воената хунта сака сама да ја дели хуманитарната помош
Властите во Мијанмар не се подготвени да примат меѓународни спасувачки екипи. Во соопштението објавено во главниот државен весник бараат странската помош да ја распоредуваат сами. ОН најостро ја критикуваа ваквата одлука. Сепак денеска во главниот град Рангун пристигнаа првите камиони со помош од ОН и Црвениот крст. Според агенциите ситуацијата во погодениот регион од циклонот „Наргис“ е катастрофална и има недостаток од храна и вода. Се стравува дека од циклонот загинаа над 100 000 лица, а над еден милион луѓе останаа без домовите.










