1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици



 

Вести | 09.05.2008 | 09:00 UTC

Русија го одбележува денот на победата над фашизмот

Голема воена парада денеска се одржа во центарот на Москва во знак на одбележување на денот на победата против фашизмот. Во најголемото воено дефиле од распаѓањето на Советскиот сојуз учествуваа 8000 војници, а имаше и тенкови и друго тешко вооружување. Новиот претседател и командат на воените сили, Дмитриј Медведев во телевизиското обраќање изјави дека „вооружените конфликти во светот не се раѓаат сами од себе туку дека ги потпалуваат оние чии неодговорни амбиции се над интересите на нивните земји и народите“. На парадата присуствуваше и новоизбраниот премиер Путин кој претходно изјави дека е “ова демонстрација на се’ поголемиот воен потенцијал на Русија“.