| 16.05.2008 | 12:00 UTC
Тирана бара запирање на насилството во македонската изборна кампања
По брзата осуда на последните предизборни инциденти во Македонија , Албанија денеска упати и апел до политичките партии да се откажат од насилствата и да се придржуваат на ветувањата дадени пред почетокот на кампањата. Шефот на албанската дипломатија Љуљзим Баша на заедничка прес-конференција со неговиот белгиски колега Де Гухт побара политичките партии во Македонија да се придржуваат на една мирна , фер и демократска изборна кампања. Претходно и албанскиот премиер Сали Бериша пак упати директен апел до партиите на Албанците во Македонија да ги надминат недоразбирањата и да се откажат од насилство.











