| 16.05.2008 | 12:00 UTC
Седум загинати во бомбашки напад во Шри Ланка
Најмалку седум лица загинаа, а 90 се повредени во денешниот бомбашки напад во главниот град на Шри Ланка. Експлозивот бил поставен на улица на која поминувал полициски автобус. Според армијата зад нападот стојат тамилските бунтовници, кои од 1972 година се борат за независност на северниот дел на земјата.
