| 17.05.2008 | 07:00 UTC
На Самитот ЕУ-Латинска Америка усвоена „Декларација од Лима“
Со повик за засилена борба против сиромаштијата и промената на климата, заврши Самитот меѓу ЕУ и земјите од Латинска Америка што се одржуваше во главниот на Перу, Лима. На крајот од состанокот , учесниците усвоија т.н Декларација од Лима , во која се истакнува вољата за потесна соработка. Конкретни заклучоци во документот меѓутоа не се содржани. Претседателот на Перу Алан Гарција и покрај тоа говореше за успешен Самит. И германската канцеларка Ангела Меркел која е во Лима го оцени Самитот како корисен.










