| 17.05.2008 | 07:00 UTC
Мианмар:78 илјади загинати од циклонот Наргис
Две недели по катастрофата што ја предизвика циклонот Наргис во Мианмар , воените власти во земјата значително ја зголемија бројка на загинати. Според официјалните податоци , во невремето и последиците од него загинале 78 илјади лица а неколку десетици илјади и натаму се водат како исчезнати. Хуманитарните организации не исклучуваат дека циклонот Наргис можеби однел и до 130 илјади животи.
