| 03.07.2008 | 12:00 UTC
Бан бара од ФАРК натамошни ослободувања на заложници
Светот ја поздрави акцијата на ослободување од заложништво на Ингрид Бетанкур, француско-колумбиската политичарка, која шест години беше заложник на бунтовничката група ФАРЦ. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, побара од колумбиските бунтовници да ги ослободат и другите заложници. Според Бан, бунтовниците треба да бараат дијалог со владата, за ставање крај на насилството во земјата. Според информациите, бунтовниците држат во заложништво 700 луѓе. Бетанакур и уште 14 други заложници беа ослободени во спектакуларна акција на колумбиската армија.











